Децата од училиштето ги пречекаа нивните другари од градинките со приредба, а потоа заедно седнаа во училишните клупи, вежбаа во салата за физичко образование и ѕирнаа во училишната кујна.
Следуваат многу интересни активности.
Во рамките на меѓународниот ЕРАЗМУС+ проект „Развој на компетенциите на практичарите за процесот на транзиција помеѓу градинките и училиштата“, Стручниот актив на Македонското Монтесори Здружение, ЈОУДГ „Распеана младост“ и ООУ „Вера Циривири Трена“, денес ја започнаа реализацијата на програмата која има за цел запознавање на децата од градинка со училиштето и полесен трансфер во основното образование.
Децата од училиштето ги пречекаа нивните другари од градинките со приредба, а потоа заедно седнаа во училишните клупи, вежбаа во салата за физичко образование и ѕирнаа во училишната кујна. Следуваат многу интересни активности.
0 Comments
Монтесори центарот е регистриран Центар за ран детски развој кој им овозможува на децата да ги развијат своите потенцијали до максимум, во согласност со сопствениот развоен ритам. Следејќи ги Монтесори принципите и Националната програма за рано учење и развој на децата им овозможуваме развој на нивните когнитивни, социјални и емоционални вештини и компетенции.
Подготвената околина со Монтесори материјали и обучениот кадар го водат детето кон развој на самодоверба и сигурност во своите потенцијали, но и високо ниво на свест за потребите на другите. Групите се наменети за деца од 3 до 6 години. ПРЕТПЛАДНЕВНА ПРОГРАМА - секој ден од 08.30 до 14.00 часот ПОПЛАДНЕВНА ПРОГРАМА - Вторник и Среда од 17.30 до 19.30 часот ДОПОЛНИТЕЛНА ПРОГРАМА - Индивидуална и групна работа со деца со потешкотии во развојот од 2 до 10 години Дополнителни информации секој ден после 16.00 часот на следните телефони: - 077 577 491 - Претпладневна група - 078 418 470 - Попладневна група или на e-mail: montessori.macedonia@yahoo.com Македонското Монтесори Зрдужение (ММЗ) како партнер во меѓународниот ЕРАЗМУС+ проект „Развој на компетенциите на практичарите за процесот на транзиција помеѓу градинките и училиштата“, изминатата седмица беше домаќин на вториот тренинг на партнерите од Србија, Словенија и Бугарија. Покрај нив на тренингот присуствуваа и претставници на ЈОУДГ „Распеана младост“ и ООУ „Вера Циривири Трена“, институции од Општина Карпош, кои се првите локални соработници во рамките на овој проект.
Врз основа на Договор за грант бр. 22/2021, а во рамките на Проектот за развој на социјални услуги, склучен помеѓу МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ОПШТИНА КАРПОШ и МАКЕДОНСКОТО МОНТЕСОРИ ЗДРУЖЕНИЕ како ДАВАТЕЛ НА УСЛУГА /ПРОВАЈДЕР, Македонското Монтесори Здужение објавува
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на стручни лица – обучувачи за реализација на обуки на следната тема:
Согласно предвидените активности во рамките на меѓународниот проект ЕРАЗМУС + „Развој на компетенциите на рефлексивни практичари за процесот на транзиција помеѓу градинките и училиштата“, во кој Македонското Монтесори Здружение е една од партнер организациите, на 05.05.2022 година беше реализиран работен состанок со Раководителот на Секторот за дејности од јавен интерес од Општина Карпош и Директорките на ООУ „Вера Циривири Трена“ и ЈУОДГ „Распеана Младост“. Целта на состанокот беше презентација на Проектот и разгледување на можностите за соработка на Македонското Монтесори Здружение со ООУ „Вера Циривири Трена“ и ЈУОДГ „Распеана Младост“ во рамките на предвидените проектни активности. Во насока на воспоставување и подобрување на соработката помеѓу градинките и училиштата од локалната заедница во наредниот период ќе се реализираат повеќе активности:
Врз основа на Договор за грант бр. 22/2021, а во рамките на Проектот за развој на социјални услуги, склучен помеѓу МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ОПШТИНА КАРПОШ и МАКЕДОНСКОТО МОНТЕСОРИ ЗДРУЖЕНИЕ како ДАВАТЕЛ НА УСЛУГА /ПРОВАЈДЕР, Македонското Монтесори Здужение објавува
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на стручни лица за давање на стручна помош и поддршка на деца со попреченост и нивните семејства од територијата на Општина Карпош во рамките на „Центар за стручна помош и поддршка на деца со попреченост и нивните семејства – МоПи“, и тоа:
Македонското Монтесори Здружение во соработка со своите партери, детски градинки од Србија, Словенија и Бугарија и НВО „Тренинг Коцевски“, започна со реализација на проектот „Развој на компетенциите на практичарите за транзициониот процес од градинка во училиште“, како дел од Erasmus+ KA220-SCH програмата.
Проектот ќе допринесе кон идентификување на потребните компетенции на децата за започнување на образованието во рамките на училиштата и развивање на програма која ќе им помогне на воспитувачите да работат во насока на развој токму на тие компетенции. Во таа насока во проектот се поставени следните цели:
Монтесори центарот е регистриран Центар за ран детски развој кој им овозможува на децата да ги развијат своите потенцијали до максимум, во согласност со сопствениот развоен ритам. Следејќи ги Монтесори принципите и Националната програма за рано учење и развој на децата им овозможуваме развој на нивните когнитивни, социјални и емоционални вештини и компетенции.
Подготвената околина со Монтесори материјали и обучениот кадар го водат детето кон развој на самодоверба и сигурност во своите потенцијали, но и високо ниво на свест за потребите на другите. Групите се наменети за деца од 3 до 6 години. ПРЕТПЛАДНЕВНА ПРОГРАМА - секој ден од 08.30 до 14.00 часот ПОПЛАДНЕВНА ПРОГРАМА - Вторник и Среда од 17.30 до 19.30 часот ДОПОЛНИТЕЛНА ПРОГРАМА - Оn-line поддршка на развојот на децата - Учење и поддршка преку домашна посета - Поддршка во учењето на ученици од 6 до 10 години - Индивидуална и групна работа со деца со потешкотии во развојот од 3 до 10 години Дополнителни информации секој ден после 16.00 часот на следните телефони: - 077 577 491 - Претпладневна група - 078 418 470 - Попладневна група или на e-mail: montessori.macedonia@yahoo.com Изминатата седмица претставници на ММЗ учествуваа на Youth Speak Forum во организација на AIESEC Македонија каде главна тема на дискусија беше подигањето на квалитетот на образование и улогата на истото во развивање на општествено одговорни личности.
Значењето на предучилишното воспитание и образование и како Монтесори педагогијата помага во градење на личност со самодоверба која е свесна за своите јаки, но и слаби страни и личност која е свесна за потребите на другите и активно делува во развој на општеството и зачувувањето на околината беше предмет на одржаната работилницата во рамките на Youth Speak Forum. Дополнително во рамките на панел дискусијата со младите беше дискутирано за значењето и позитивните страни од младинскиот активизам. Во рамките на форумот беа презентирани и активностите на ММЗ како општествено одговорна компанија. Македонското Монтесори Здружение (ММЗ) во следните 20 месеци ќе ја реализира подготовката на корисниците од СЗ Демир Капија за организирано живеење со поддршка, за потребите на проектот Тимор - "Заедно за повеќе можности и поддршка".
За таа цел тимот од страна на ММЗ, во соработка со менаџерскиот и стручниот кадар од СЗДК дефинираше план за подготовка на лицата, обезбеди дополнителен стручен кадар, материјали за работа и работна просторија. Подготовката на корисниците ќе биде насочена кон развивање на нивните вештини за грижа за себе и за околината, формирање работни навики, развивање на нивните социјални капацитети за живот во заедницата. Подготовката на корисниците ќе се изведува од страна на стручни лица ангажирани од страна на ММЗ, во соработка со стручните лица и негователскиот кадар од СЗДК. Целокупниот тим кој работи на оваа активност помина циклус обуки за користење на современи пристапи и методи на работа како Активна поддршка, Интензивна интеракција, Визуелна поддршка и примена на Монтесори методот во работа со деца/лица со попреченост. Проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка - ТИМОР“ е финансиран од Европската Унија со времетраење од 36 месеци, а се спроведува од страна на ЗГ ЦеПроСАРД во конзорциум со:
|
Member of:
Archives
January 2024
CategoriesПријатели:
|