Децата, учесници во работилницата, на еден интересен и креативен начин се запознаа со најважните карактеристики на Холандија, нејзината местоположба, природните богатства, националните обележја, кралското семејство, традиционалната холандска облека, националната кујна, познатите личности од оваа земја...Очекувано, најголем интерес побудија приказната за ветерницата, полињата со лалиња, националната обувка - кломпата и велосипедот како најмасовно превозно средство во Холандија. Во креативниот дел од работилницата, децата изработуваа ветерници, лалиња и боеја цртежи со национални обележја од Холандија.
Монтесори центарот во соработка со трговскиот центар Ramstor Mall, а во рамките на нивните активности во „Клубот на Сезнајковци“, реализираше едукативна работилница на тема: „Да ја запознаеме Холандија“. Почесен гостин на работилницата беше амбасадорката на Холандија во Македонија, г - ѓата Marriët Schuurman. Децата, учесници во работилницата, на еден интересен и креативен начин се запознаа со најважните карактеристики на Холандија, нејзината местоположба, природните богатства, националните обележја, кралското семејство, традиционалната холандска облека, националната кујна, познатите личности од оваа земја...Очекувано, најголем интерес побудија приказната за ветерницата, полињата со лалиња, националната обувка - кломпата и велосипедот како најмасовно превозно средство во Холандија. Во креативниот дел од работилницата, децата изработуваа ветерници, лалиња и боеја цртежи со национални обележја од Холандија.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
Member of:
Archives
June 2024
CategoriesПријатели:
|