Montessori Macedonia
  • Новости
  • За нас
    • Извештаи
    • Обука за модул 1
    • Обука за модул 2
    • Обука за модул 3
  • Монтесори педагогија
  • Монтесори центар
    • Монтесори курикулум
    • Искуства од родители
  • Персонал
  • Галерија
    • Видеа
    • Утринска програма
    • Лето 2017
    • Попладневни активности
    • Градина на бои 3
    • Erasmus+ проект
    • Проект за инклузијата
    • ПАТУВАЈТЕ СО БОИТЕ 2 - ЛЕТО 2015
    • Летни работилници 2014 - ПАТУВАЈТЕ СО БОИТЕ
    • Летни работилници 2013
    • Спортски работилници
    • Музички работилници
    • Летни работилници 2012
    • Тематски работилници
    • Колку е убава Македонија
    • Народи во светот 2
    • Народи во светот 1
    • Животински свет
    • Планетата земја
    • Патување низ вселената
  • ЧПП
  • Контакт

Оглас за ангажирање на воспитувач

1/18/2021

0 Comments

 
Македонското Монтесори Здружение објавува оглас за вработување на воспитувач за работа во Монтесори центарот во Скопје, со група на деца од 3 до 6 години.
Неделно работно време 40 часа (30 часа за работа со деца и 10 часа за водење на педагошката евиденција и други активности поврзани со работата на воспитувач).Дневно работно време со деца од 08:00 (08:30) до 14:00 (14:30)часот, од понеделник до петок.
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
  • Висока стручна спрема (VII/1) или 240 ЕКТС - дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач за деца од предучилишна возраст или дипломиран педагог за предучилишно воспитание
  • Важечка лиценца за воспитувач или подготвеност за полагање на испит за лиценцирање
  • Познавање на работа со компјутер (MS Office, Интернети социјални мрежи)
  • Познавање на говорен и пишан англиски јазик
  • Вештини за работа во тим, комуникациски и интерперсонални вештини
  • Претходно работно искуство и важечка лиценца за воспитувач ќе се смета за предност
Заинтересираните кандидати потребно е да достават мотивационо писмо и CV на e-mail: montessori.macedonia@yahoo.com, најдоцна до 22.01.2021 година. Селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

0 Comments

Успешно завршена Воведна обука за Монтесори педагогија

11/15/2020

0 Comments

 
Во изминатите 6 месеци Македонското Монтесори Здружение реализираше Воведна обука за Монтесори педагогија, на која учествуваа 12 учесници од различни профили (педагози, психолози, специјални едукатори и рехабилитатори, родители)


Read More
0 Comments

Поддршка на инклузираните ученици со попреченост

11/3/2020

0 Comments

 
Picture
Македонското Монтесори Здружение, како соработник на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија во период од јули до ноември 2020 година, го реализираше проектот „Е-платформа за далечинска поддршка на деца со попреченост и нивните семејства за време на пандемија од Ковид-19“. Проектот беше финасиски поддржан од OБСЕ Мисијата во Скопје, како дел од Вонредниот повик за предлози: Фонд за одговор на Ковид-19.


Read More
0 Comments

Уписи во Монтесори центарот

9/12/2020

0 Comments

 
Монтесори центарот е регистриран Центар за ран детски развој кој им овозможува на децата да ги развиваат своите потенцијали и интереси во согласност со својот внатрешен развоен ритам. Следејќи ги Монтесори принципите и Националната програма за рано учење и развој им нудиме на децата престој во стимулативна и креативна средина.
 
ПРЕТПЛАДНЕВНА ПРОГРАМА:
- Монтесори групи за деца од 3 до 6 години (секој ден од 08.30 до 14.00 часот)
 
ПОПЛАДНЕВНА ПРОГРАМА:
- Монтесори групи за деца од 3 до 6 години (среда од 17.30 до 19.30 часот)
 
ДОПОЛНИТЕЛНА ПРОГРАМА:
• Оn-line поддршка на развојот на децата
• Поддршка преку домашна посета
• Поддршка во учењето на ученици од 6 до 10 години
• Индивидуална и групна работа со деца со потешкотии во развојот од 3 до 10 години
• Индивидуална поддршка на деца со потешкотии во развојот од 3 до 10 години во инклузивна група

тел:
077 577 491 / 078 418 470 / 075 966 666
e-mail:
montessori.macedonia@yahoo.com

0 Comments

Воведна обука за Монтесори педагогија

8/4/2020

0 Comments

 
Македонското Монтесори Здружение изминатите 2 месеци реализираше Воведна обука за Монтесори педагогија.
Во обуката учествуваа стручни лица и родители од Центарот Мајка Тереза од Гевгелија и педагози, психолози и специјални едукатори и рехабилитатори од Скопје, Битола и Тетово.
Во текот на обуката беа разработени теоретските основи и принципите на Монтесори педагогијата и различните области како Практичен живот, Сетила, Јазик, Математика и Космичко образование. Покрај запознавањето со различните материјали, учесниците имаа можност да вежбаат со истите и да ги споделат своите практични искуства од примената на Монтесори принципите во работата со децата, но и во домот.
Монтесори материјалите претставуваа инспирација за некои од учесниците да криераат свои дидактички материјали.
Следува практична опсервација во Монтесори центарот и, како и секогаш до сега, почеток на една долгогодишна соработка.
Со оваа обука Македонското Монтесори Здружение го најавува почетокот на одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на Марија Монтесори и 15 години од своето постоење.

0 Comments

Повик за ангажирање на стручни лица

3/9/2020

0 Comments

 
Македонското Монтесори Здружение објавува јавен повик за ангажирање на стручни лица за работа на проект „Мапирање на давателите на социјални услуги на територијата на Град Скопје“.
​Стручни лица ќе бидат ангажирани како теренски истражувачи за потребите на проектот и ќе имаат задача преку дирекни средби, интервјуа и по електронски пат да приберат податоци, кои се таргетирани со проектните цели.
Потребни се стручните лица кои имаат завршено високо образование од следните профили: специјален едукатор и рехабилитатор, психолог и/или социјален работник.
Ги повикуваме заинтересираните кандидати, да достават CV и мотивационо писмо на e-mail: montessori.macedonia@yahoo.com, најдоцна до 13.03.2020 година.
Селектираните кандидати ќе бидат исконтактирани и повикани на разговор најдоцна до 16.03.2020 година.


0 Comments

Уписи во Монтесори центарот 2019/2020

8/24/2019

0 Comments

 
​Монтесори центарот е регистриран Центар за ран детски развој кој им овозможува на децата да ги развиваат своите потенцијали и интереси во согласност со својот внатрешен развоен ритам. Следејќи ги Монтесори принципите и Националната програма за рано учење и развој им нудиме на децата престој во стимулативна и креативна средина.
тел:075 966 666
e-mail: montessori.macedonia@yahoo.com

Read More
0 Comments

Монтесори летен камп „ЛЕТНА СЦЕНА“

5/14/2019

0 Comments

 
Македонското Монтесори Здружение девета година по ред нуди ексклузивна програма за Монтесори летен камп, наменети за деца на возраст од 4 до 8 години. Кампот ќе се организира во Монтесори центарот (ООУ „Вера Циривири Трена“), секој работен ден во претпладневните часови од 8.00 до 12.30 часот и од 12.30 до 16.00 часот. Во договор со родителите може да се организира прифаќање на децата од 08.00 до 17.00 часот.
 
                   Монтесори  кампот  „ЛЕТНА СЦЕНА“ ќе им овозможи на децата:
 
- Да се запознаат со новите приказни за „Змејот од Каламади“, „Волшебното пенкало“, „Буда и бездомникот“, „Златната чинија“....преку кои ќе ги откријат различни човечки особини и ќе се поттикнат да формираат позитивни карактерни црти
-  Да ги развиваат своите способности за соработка, толеранција и меѓусебно помагање преку социјални игри
-  Да се забавуваат и да ја развиваат својата кративност создавајќи театарски претстави, куклени театри и  ликовни дела употребувајќи различни техники
-  Да ги истакнат своите спортски способности преку различните предизвици поставени во нашиот двор, паркот или на некое излетничко место
-  Да уживаат во посетата на различните институции, музеи и други установи каде ќе се запознаат со работата на нашите пријатели
 
 Програмата за Монтесори летниот камп е креирана и ќе биде реализирана од страна на тим од Монтесори педагози. Тимот го сочинуваат високо квалификувани професионалци кои имаат способност кај децата да ги развиваат практичните вештини и да им пренесат знаење, но истовремено и да ја развиваат детската независност, самодоверба, одговорност и почит кон другите.
 
                            „ЛЕТНАТА СЦЕНА“ ќе се реализира од 11 јуни до 26 јули.
 
РАСПОРЕД НА ДЕНОТ 

  • 08.00 - 08.45 часот - Прифаќање на децата
  • 08.45 - 09.15 часот - Утрински круг и социјални игри
  • 09.15 - 10.00 часот – Доручек
  • 10.00 - 11.00 часот - Eдукативни, креативни и моторни активности според Монтесори принципите
  • 11.00 - 12.30 часот – Планирана активност и испраќање на утринските деца
  • 12.30 – 14.00 – Подготовка за ручек и ручек
  • 14.00 – 16.00 – Попладневен одмор, ужинка, релаксирачки активности (читање книга, креативни активности, социјални и колективни игри) и испраќање на децата
 
Цената за посета на една седмица (понеделник-петок) за едно дете е 1 550 денари (четиричасовна програма), 3250 денари (осумчасовна програма).  Во цената се вклучни трошоците за храна, превоз и билети за местата за посети. 
 
Нудиме можност за запишување за целата програма однапред со попуст.
  • Цената за целата програма (7 работилници) е со попуст од 10%
  • Цената за еден цел месец е со попуст од 5%
  • Специјален попуст за деца од исто семејство
  • Еднодневна посета на летните работилници 650 денари.
  • Работилниците ќе се организираат за максимум 22 деца.

Забелешка: Дел од фотографиите кои ќе бидат сликани за време на летниот камп, може да се искористат за промоција на активностите на Монтесори центарот во брошури, весници и списанија и во електорнските медиуми. Ве молиме доколку не се согласувате со тоа да не известите во писмена форма.
 
Запишување
За да го запишете Вашето дете во нашата програма потребно е да ја пополнете Апликацијата и ја уплатите сумата за посета на денот на вклучување на Вашето дете. Така ќе резервирате место за Вашето дете за седмицата или седмиците кои што ќе ги наведете на Апликацијата. Апликацијата ќе ја добиете откако ќе се обратите на нашиот мail: montessori.macedonia@yahoo.com
0 Comments

Подобрување на квалитетот на воспитание и образование

3/3/2019

0 Comments

 
Македонското Монтесори Здружение оваа година одбележува 13 години од своето постоење.
Во текот на изминатите години активностите беа насочени кон понуда на децата со и без посебни потреби и на нивните родители, алтернативни форми на воспитание и образование, преку употреба на Монтесори методот.
​Овие активности се во согласност со европските начела на ПРАВОТО НА ИЗБОР на родителите.
Понудата на различни форми на воспитание и образование влијае на подигање на квалитетот на воспитание и образование воопшто. Во насока на остварување на оваа цел и продолжување на соработката со јавните детски градинки и основни училишта Македонското Монтесори Здружение во текот на оваа година ќе стави акцент на реализација на обуки на различни теми за воспитувачи, негователи, специјални рехбилитатори и едукатори, студенти од педагошките и рехабилитациските факултети и секако родителите.
Изминатиот месец беа реализирани две обуки за персоналот од ЈОУДГ „11 Октомври“, Скопје и ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица.
0 Comments

Работилница за воспитувачите од јавните градинки

10/29/2018

2 Comments

 
Picture
Изминатиот  викенд Македонското Монтесори Здружение реализираше неколку работилници на тема „Монтесори методот и други практични техники, помош при работата со деца со посебни потреби во занималната“ за воспитувачите и негователките од ЈОУДГ „Снежана“ при Општина Чаир.
​Учесниците на работилниците имаа можност да се запознаат со повеќе практични методи и техники кои им овозможат да ги разберат и да им помогнат на децата со посебни потреби, инклузирани во градинката. Покрај тоа работилниците има за цел да го развијат сензибилитет на персоналот за набљудување на индивидуалните потреби на децата и да го поттикнат креативниот потенцијал на педагозите за изработка на дидактички материјал во согласност со потреби на детето.
Податоците од спроведената анкета покажуваат дека воспитувачите имаат потреба од дополнителна обука за работа со деца со посебни потреби, но и неопходна потреба од вклучување на поголем број дефектолози во Стручниот тим на градинката и остварување потесна соработка со институциите и Центрите за ран детски развој кои имаат експертиза за работа со деца со посебни потреби.
2 Comments
<<Previous
Forward>>
    Member of:
    Picture

    Archives

    July 2022
    June 2022
    May 2022
    April 2022
    March 2022
    August 2021
    May 2021
    April 2021
    March 2021
    January 2021
    November 2020
    September 2020
    August 2020
    March 2020
    August 2019
    May 2019
    March 2019
    October 2018
    August 2018
    June 2018
    May 2018
    March 2018
    January 2018
    December 2017
    November 2017
    September 2017
    August 2017
    May 2017
    April 2017
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    May 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    February 2015
    October 2014
    September 2014
    August 2014
    May 2014
    October 2013
    August 2013
    June 2013
    May 2013
    April 2013
    February 2013
    December 2012
    October 2012
    August 2012
    July 2012
    June 2012
    May 2012
    February 2012
    November 2011
    October 2011
    July 2011
    May 2011

    Categories

    All

    RSS Feed

    Пријатели:

Powered by Create your own unique website with customizable templates.