Montessori Macedonia
  • Новости
  • За нас
    • Извештаи и публикации
    • Обука за модул 1
    • Обука за модул 2
    • Обука за модул 3
  • Монтесори педагогија
  • Монтесори центар
    • Монтесори курикулум
    • Искуства од родители
  • Персонал
  • Галерија
    • Видеа
    • Утринска програма
    • Лето 2017
    • Попладневни активности
    • Градина на бои 3
    • Erasmus+ проект
    • Проект за инклузијата
    • ПАТУВАЈТЕ СО БОИТЕ 2 - ЛЕТО 2015
    • Летни работилници 2014 - ПАТУВАЈТЕ СО БОИТЕ
    • Летни работилници 2013
    • Спортски работилници
    • Музички работилници
    • Летни работилници 2012
    • Тематски работилници
    • Колку е убава Македонија
    • Народи во светот 2
    • Народи во светот 1
    • Животински свет
    • Планетата земја
    • Патување низ вселената
  • ЧПП
  • Контакт

Монтесори летен камп „ЛЕТНА СЦЕНА“

5/14/2019

0 Comments

 
Македонското Монтесори Здружение девета година по ред нуди ексклузивна програма за Монтесори летен камп, наменети за деца на возраст од 4 до 8 години. Кампот ќе се организира во Монтесори центарот (ООУ „Вера Циривири Трена“), секој работен ден во претпладневните часови од 8.00 до 12.30 часот и од 12.30 до 16.00 часот. Во договор со родителите може да се организира прифаќање на децата од 08.00 до 17.00 часот.
 
                   Монтесори  кампот  „ЛЕТНА СЦЕНА“ ќе им овозможи на децата:
 
- Да се запознаат со новите приказни за „Змејот од Каламади“, „Волшебното пенкало“, „Буда и бездомникот“, „Златната чинија“....преку кои ќе ги откријат различни човечки особини и ќе се поттикнат да формираат позитивни карактерни црти
-  Да ги развиваат своите способности за соработка, толеранција и меѓусебно помагање преку социјални игри
-  Да се забавуваат и да ја развиваат својата кративност создавајќи театарски претстави, куклени театри и  ликовни дела употребувајќи различни техники
-  Да ги истакнат своите спортски способности преку различните предизвици поставени во нашиот двор, паркот или на некое излетничко место
-  Да уживаат во посетата на различните институции, музеи и други установи каде ќе се запознаат со работата на нашите пријатели
 
 Програмата за Монтесори летниот камп е креирана и ќе биде реализирана од страна на тим од Монтесори педагози. Тимот го сочинуваат високо квалификувани професионалци кои имаат способност кај децата да ги развиваат практичните вештини и да им пренесат знаење, но истовремено и да ја развиваат детската независност, самодоверба, одговорност и почит кон другите.
 
                            „ЛЕТНАТА СЦЕНА“ ќе се реализира од 11 јуни до 26 јули.
 
РАСПОРЕД НА ДЕНОТ 

  • 08.00 - 08.45 часот - Прифаќање на децата
  • 08.45 - 09.15 часот - Утрински круг и социјални игри
  • 09.15 - 10.00 часот – Доручек
  • 10.00 - 11.00 часот - Eдукативни, креативни и моторни активности според Монтесори принципите
  • 11.00 - 12.30 часот – Планирана активност и испраќање на утринските деца
  • 12.30 – 14.00 – Подготовка за ручек и ручек
  • 14.00 – 16.00 – Попладневен одмор, ужинка, релаксирачки активности (читање книга, креативни активности, социјални и колективни игри) и испраќање на децата
 
Цената за посета на една седмица (понеделник-петок) за едно дете е 1 550 денари (четиричасовна програма), 3250 денари (осумчасовна програма).  Во цената се вклучни трошоците за храна, превоз и билети за местата за посети. 
 
Нудиме можност за запишување за целата програма однапред со попуст.
  • Цената за целата програма (7 работилници) е со попуст од 10%
  • Цената за еден цел месец е со попуст од 5%
  • Специјален попуст за деца од исто семејство
  • Еднодневна посета на летните работилници 650 денари.
  • Работилниците ќе се организираат за максимум 22 деца.

Забелешка: Дел од фотографиите кои ќе бидат сликани за време на летниот камп, може да се искористат за промоција на активностите на Монтесори центарот во брошури, весници и списанија и во електорнските медиуми. Ве молиме доколку не се согласувате со тоа да не известите во писмена форма.
 
Запишување
За да го запишете Вашето дете во нашата програма потребно е да ја пополнете Апликацијата и ја уплатите сумата за посета на денот на вклучување на Вашето дете. Така ќе резервирате место за Вашето дете за седмицата или седмиците кои што ќе ги наведете на Апликацијата. Апликацијата ќе ја добиете откако ќе се обратите на нашиот мail: montessori.macedonia@yahoo.com
0 Comments

Подобрување на квалитетот на воспитание и образование

3/3/2019

0 Comments

 
Македонското Монтесори Здружение оваа година одбележува 13 години од своето постоење.
Во текот на изминатите години активностите беа насочени кон понуда на децата со и без посебни потреби и на нивните родители, алтернативни форми на воспитание и образование, преку употреба на Монтесори методот.
​Овие активности се во согласност со европските начела на ПРАВОТО НА ИЗБОР на родителите.
Понудата на различни форми на воспитание и образование влијае на подигање на квалитетот на воспитание и образование воопшто. Во насока на остварување на оваа цел и продолжување на соработката со јавните детски градинки и основни училишта Македонското Монтесори Здружение во текот на оваа година ќе стави акцент на реализација на обуки на различни теми за воспитувачи, негователи, специјални рехбилитатори и едукатори, студенти од педагошките и рехабилитациските факултети и секако родителите.
Изминатиот месец беа реализирани две обуки за персоналот од ЈОУДГ „11 Октомври“, Скопје и ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица.
0 Comments

Работилница за воспитувачите од јавните градинки

10/29/2018

2 Comments

 
Picture
Изминатиот  викенд Македонското Монтесори Здружение реализираше неколку работилници на тема „Монтесори методот и други практични техники, помош при работата со деца со посебни потреби во занималната“ за воспитувачите и негователките од ЈОУДГ „Снежана“ при Општина Чаир.
​Учесниците на работилниците имаа можност да се запознаат со повеќе практични методи и техники кои им овозможат да ги разберат и да им помогнат на децата со посебни потреби, инклузирани во градинката. Покрај тоа работилниците има за цел да го развијат сензибилитет на персоналот за набљудување на индивидуалните потреби на децата и да го поттикнат креативниот потенцијал на педагозите за изработка на дидактички материјал во согласност со потреби на детето.
Податоците од спроведената анкета покажуваат дека воспитувачите имаат потреба од дополнителна обука за работа со деца со посебни потреби, но и неопходна потреба од вклучување на поголем број дефектолози во Стручниот тим на градинката и остварување потесна соработка со институциите и Центрите за ран детски развој кои имаат експертиза за работа со деца со посебни потреби.
2 Comments

Изложба „Градина на бои - Допри ја уметноста 5“

10/8/2018

0 Comments

 
Picture
Македонското Монтесори Здружение, петта година по ред го реализираше проектот „Градина на бои – Допри ја уметноста 5“.
Традиционално, проектот се реализираше во летниот периодот од 11 јуни до 24 август, во соработка со НУ Музеј на современата уметност, а со поддршка на Министерството за култура.
Проектот овозможи децата да се запознаат со познати странски и македонски уметници како Џ. Полок, А.Матис, Е.Ворхол, В.Жерновски, И.Пејовиќ....со што кај нив  се поттикнува развивање на чувството за ликовнита уметност.
Во рамките на проектот беа реализирани едукативно – креативни работилници кои се организираа во Монтесори центарот и Музејот на современата уметност, посетени од деца на возраст од 3 до 10 години.
И оваа година проектот имаше инклузивен карактер и во него беа вклучени и деца и младинци со посебни потреби од Заводот за рехабилитација на деца и младинци.
Во текот на изминатите пет години во овој проект беа вклучени над 250 деца кои инспирирани од убавата атмосфера во Музејот на современата уметност, делата на големите уметници и соодветна литература, создадат свои уникатни дела, експериментирајќи со разни  ликовни техники.
Повелете да ја погледнете нашата „Градина на бои“ на изложбата во Музејот на современата уметност. Отварањето на изложбата е на 09.10.2018 (вторник) со почеток од 15.30 часот.

0 Comments

Уписи во Монтесори центарот 2018/2019

8/18/2018

0 Comments

 
​Монтесори центарот е регистриран Центар за ран детски развој кој им овозможува на децата да ги развиваат своите потенцијали и интереси во согласност со својот внатрешен развоен ритам. Следејќи ги Монтесори принципите и Националната програма за рано учење и развој им нудиме на децата престој во стимулативна и креативна средина.
тел:077 577 491
e-mail: montessori.macedonia@yahoo.com
Претпладневна програма: 
-  Монтесори групи за деца од 3 до 6 години (од 08.30 до 15.00 часот)

Попладневна програма
- Монтесори групи за деца од 3 до 6 години

Дополнителна програма
- Мали училишни групи за помош во учењето за деца од 6 до 10 години
- Индивидуална поддршка на деца со потешкотии во учењето на возраст од 6 до 10 години
- Индивидуална и групна работа со деца со посебни потреби на возраст од 3 до 10 години

Read More
0 Comments

Проект „Зелена агенда“

6/10/2018

0 Comments

 
Picture
​Во Културно информативниот центар (КИЦ) се одржа завршниот настан од проектот „Зелена агенда“. Преку изложба на фотографии и изработки, учесниците во проектот ги споделија своите искуства и впечатоци од активностите кои се спроведуваа во изминатите два месеци.
Во основа на овој проект беше пешачењето во природа како основна човекова потреба која овозможува подобро запознавање на себе си, своите способности, способностите на другите. Во заедничката цел „Да се стигне до целта, до врвот“ децата научија да се грижат за себе си, но и за другите, да преземат ризик, да соработуваат, да подадат рака на стрмната нагорнина, при прескокнувањето на потокот, да го услогласт темпото на движење со помалите. 

Read More
0 Comments

На крилјата на шареното летало - Летна програма

5/17/2018

0 Comments

 
Македонското Монтесори Здружение осма година по ред нуди ексклузивна програма за Монтесори летни работилници, наменети за деца на возраст од 4 до 8 години. Работилниците се организираат во Монтесори центарот, секој работен ден во претпладневните часови од 8.30 до 12.30 часот. Во договор со родителите може да се организира прифаќање на децата во 08.00 часот.
 
Програма  
На крилјата на шареното летало
Беше топол јунски ден. Во големиот град со шарени куполи луѓето брзаа по улиците. На цветниот балкон на една зграда, тивко дремеше еднo летало. Деновите ги поминуваше љубопитно гледајќи ги луѓето што минуваа покрај зградата. Често посакуваше да може и тоa како нив слободно да полета и да отиде каде што ќе посака. Многу сакаше да види што се случува низ улиците на градот, но да отиде и подалеку... да лета низ светот. Но никако не можеше да се откачи од шајката и полета од балконот. Наеднаш задува многу силен ветер. Го размрда телото на леталото, го откачи од шајката и го подигна високо на небото. Од горе леталото можеше да го види целиот град. Иако многу пати патувало низ улиците на градот, овој пат тој му се виде поинаков...

Read More
0 Comments

Соработка со „Монтесори 21“, Германија

3/10/2018

1 Comment

 
 ​Со цел унапредување на својата работа претставници на Македонското Монтесори Здружение во периодот од 24.02 до 03.03.2018 беа на студиска посета во инклузивна Монтесори градинка и Центар за терапија, „Монтесори 21“, во Минхен, Германија. Во текот на посетата тие се запознаа со начинот на функционирање, организацијата на воспитно-образовната работа и терапија во оваа установа. Преку директната опсервација на работата со децата, разговорите со наставниците и родителите и претставувањето на работата на Монтесори центарот во Скопје, се дискутираше за можностите за понатамошна соработка и унапредување на работата во Монтесори центарот.  Претставниците на „Монтесори 21“ позитивно ја оценија работата на Монтесори центарот во Скопје и во знак на поддршка на нивната работа донираа дидактички материјал што ќе овозможи унапредување на работата во Монтесори центарот.  

Read More
1 Comment

„Адаптација на Монтесори наставните материјали на фазите на усвојување на мајчиниот јазик”.

1/16/2018

0 Comments

 
     Долгогодишниот волонтер и соработник во Монтесори центарот, В. Талеска  деновиве успешно го одбрани дипломски труд на тема „Адаптација на Монтесори наставните материјали на фазите на усвојување на мајчиниот јазик”, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”- Скопје, Катедра за англиски јазик и книжевност под менторство на проф. др. Зорица Трајкова.
     Овој дипломски труд ги анализира Монтесори материјалите при изучување на англискиот јазик како мајчин јазик/прв јазик и нивната ефикасност врз поттикот и подготовката за усвојување на вештините за пишување и читање кај децата од 3 до 6 годишна возраст. Во трудот се презентирани основните Монтесори материјали за јазик и се претставени илустрации на децата кои се наоѓаат во различни фази, сензитивни периоди од развојот на јазикот.​

Read More
0 Comments

Иднината на добросостојбата во државата

12/8/2017

0 Comments

 
​Претставник на Македонското Монтесори Здружение учествуваше на годишниот состанок на Регионалната мрежа за социјална добросостојба на државата каде претставниците на земјите од Западен Балкан (Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија) дискутираа за постоечките системи на социјална заштита и предизвиците со кои земјите се соочуваат за спроведување реформи во системот, во насока на подобрување на благосостојбата во државата.
0 Comments
<<Previous
Forward>>
    Member of:
    Picture

    Archives

    October 2022
    July 2022
    June 2022
    May 2022
    April 2022
    March 2022
    August 2021
    May 2021
    April 2021
    March 2021
    January 2021
    November 2020
    September 2020
    August 2020
    March 2020
    August 2019
    May 2019
    March 2019
    October 2018
    August 2018
    June 2018
    May 2018
    March 2018
    January 2018
    December 2017
    November 2017
    September 2017
    August 2017
    May 2017
    April 2017
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    May 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    February 2015
    October 2014
    September 2014
    August 2014
    May 2014
    October 2013
    August 2013
    June 2013
    May 2013
    April 2013
    February 2013
    December 2012
    October 2012
    August 2012
    July 2012
    June 2012
    May 2012
    February 2012
    November 2011
    October 2011
    July 2011
    May 2011

    Categories

    All

    RSS Feed

    Пријатели:

Powered by Create your own unique website with customizable templates.