Montessori Macedonia
  • Новости
  • За нас
    • Извештаи и публикации
    • Обука за модул 1
    • Обука за модул 2
    • Обука за модул 3
  • Монтесори педагогија
  • Монтесори центар
    • Монтесори курикулум
    • Искуства од родители
  • МоПи Центар
  • Персонал
  • Контакт
  • Проекти
    • Еразмус+ проекти
    • Останати проекти
  • Галерија
    • Видеа
    • Утринска програма
    • Лето 2017
    • Попладневни активности
    • Градина на бои 3
    • Erasmus+ проект
    • Проект за инклузијата
    • ПАТУВАЈТЕ СО БОИТЕ 2 - ЛЕТО 2015
    • Летни работилници 2014 - ПАТУВАЈТЕ СО БОИТЕ
    • Летни работилници 2013
    • Спортски работилници
    • Музички работилници
    • Летни работилници 2012
    • Тематски работилници
    • Колку е убава Македонија
    • Народи во светот 2
    • Народи во светот 1
    • Животински свет
    • Планетата земја
    • Патување низ вселената
  • ЧПП

„Развој на компетенциите на практичарите за транзициониот процес од градинка во училиште“ - 2021-1-RS01-KA220-SCH-000027799  (2021-2023 година)

Овој проект беше насочен кон истакнувањето на значењето на предучилишното образование и развивање на програма и активности кои ќе го помогнат преминот на детето од детската градина кон школото.  Во таа насока се оддржаа неколку обуки и се спроведоа неколку акциски истражувања кои беа презентирани на Меѓународната конференција „Унапредување на праксата на рефлексија и самооценување во детските градинки и основните училишта – состојба и перспективи“. Како една од најзначајните придобивки на проектот е формирањето на Стручни активи на воспитувачи и наставници кои активно работат на процесот на транзиција од градинка во школо. Партнери во овој проект се предучилишни установи од Србија, Бугарија и Словенија.  


„Куклата како метод на инклузија“ - 2016-2-SI02-KA105-013715 (2016 - 2017)

Во рамките на овој проект младинските работници и наставниците од Македонија, Романија, Италија, Полска, Турција, Словенија и Хрватска се обучија за користење на различни техниките и методите за работа со кукла. Обуката вклучуваше методите на неформално образование, како што се групни дискусии, презентации, игри, игра со улоги и различни ситуации со користење на кукли и слични активности кои поттикнуваат креативност и активно учество. Овие методи се инкорпорираа во редовната работа со децата кои ги посетуваат едукативните установи на нашето здружение. Стекнатите знаења особено ги зајакнаа кометенциите на нашите претставници за употреба на куклите-марионети како средство за комуникација и инклузија.  

Обука на наставници и младински работници


„Рециклирана уметност“ - 2022-3-SI02-KA152-YOU-000095300 (март – октомври 2023)

Овој проект овозможи размена на идеи на младите од Германија, Полска, Словенија, Србија и Македонија, за можностите за создавање уметнички креации од отпаден материјал, а во насока на заштита на Планетата Земја.
Воедно македонската младинска група беше дел и од меѓународниот инклузивен фестивал “Играј со мене”, организиран од Друштвото за културна инклузија и Центарот Јанез Левец. 
Во рамките на фестивалот Македонското Монтесори Здружение со својата група на млади одржа работилници за рециклирање и реупотреба на текстилот. Настанот беше посетен од многу институти, градинки, училишта и организации.

Powered by Create your own unique website with customizable templates.