Монтесори курикулум
ПРАКТИЧЕН ЖИВОТ
Оваа област содржи активности поврзани со секојдневниот живот на семејството. Децата уживаат да бришат прашина, да метат со метлата, да го лупат и сецкаат овошјето и зеленчукот, да претураат со лажица, претураат вода итн. Покрај овие вежби преку кои се развива грубата и фината моторика, во рамките на оваа област децата се учат на одговорен однос кон себе, кон другите и кон околината. Активностите ја јакнат независноста на детето и го развиваат осетот за ред.
СЕТИЛЕН РАЗВОЈ
Внимателно дизајнираните материјали од оваа област ги изоструваат сетилата, овозмошжуваат формирање на претстави и го богатат речникот на детето. Активностите се насочени кон спарување, правење серијации и низи и конструкции од предмети. На пример децата спаруваат звуци, мириси или вкусови, спаруваат или прават серијација на бои, димензии итн. Сензорните игри просто ги мамат децата да работат со нив и се основа за математика, музика и другите науки.
МАТЕМАТИКА
Монтесори дидактичкиот материјал и работата со него го прави многу интересен и возбудлив светот на математиката. Децата на многу конкретен начин се воведуваат во апстрактните поими на математиката. Преку разновидни материјали децата се запознаваат со бројните количини. Преку Песочните броеви децата ги запознаваат симболите од 1 до 9; Кутијата со вретена му овозможува на детето да ја сфати 0; Златно бисерниот материјал го воведува детето во децималниот систем и основните математички операции. Манипулацијата со овие и многу други материјали, на децата им дава цврста основа за совладување на посложените математички односи.
ЈАЗИК
Основен принцип во пристапот кон јазикот е “Читање преку пишување”. Преку изградбата на богат речник децата ќе можат да се изразат себе си и да ги средат своите мисли.
Кутиите со предмети и зборови им овозможуваат на децата да научат нови зборови. Преку Песочните букви децата се запознаваат со изгледот на буквите. Подвижната азбука ги воведува во светот на пишувањето и конструкциите на реченици, а Металните вметнувачи се дизајнирани за да се вежба држењето на моливот.
Децата влегуваат во светот на пренесување на мислите и идеите преку зборови и стануваат заинтересирани читачи. Вратата кон “доживотното учење”сега е отворена.

КОСМИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ
Преку оваа област децата се поврзуваат со надворешниот свет. Децата преку соодветни Монтесори материјали, игри, песни, приказни, експерименти и проекти ги истражуваат различните теми. Ние ги користиме сите сетила за да ги откриеме чудата на универзумот и светот; разноликоста и сличностите на различните народи во светот.
УМЕТНОСТ
Децата влегуваат во светот на уметноста преку различните можности што ги нуди Монтесори училницата. Тие можат да го истражуваат начинот на мешање и добивање на боите, да се изразуваат преку цртање, сликање, музика, ритмички и драмски активности.
ЕДУКАЦИЈА ЗА МИР
Една од најважните компоненти на нашата програма е едукацијата за мир. Ние сметаме дека секое дете во себе ја носи идејата за мир и добрина во себе, но не секое дете може со зборови и преку соодветна акција да го изрази својот внатрешен мир. Затоа возрасниот ја има одговорноста да го покажува и да го охрабрува мирољубивото и со почит однесување помеѓу децата, кон околината и кон целиот жив свет.
Ние го инкорпорираме мирот и разбирањето во секојдневната конверзација со децата; ги охрабруваме сами да ги решат конфликтните ситуации, употребувајќи мирољубиви зборови и фрази; разговараме за чувствата; ги охрабруваме од нивните несогласувања да донесат разумни и мирољубиви заклучоци и да се ракуваат.
Марија Монтесори рекла: “Луѓето обично кога ќе речат мир мислат на престанок на војната. Но овој негативен концепт не е адекватен опис на она што всушност вистински значи мир. Вистинскиот мир доаѓа од срцето и започнува со децата. Наша задача е да го негуваме и да го развиваме овој мир секој ден, во секоја ситуација.”

Дополнителни активности
Децата кои го посетуваат Монтесори центарот имаат можност да учествуваат во дополнителните музички работилници кои ги води професионален музички педагог, креативни работилници, екскурзии и посети на различни институции.
Монтесори училница
Монтесори училницата е целосно опремена со оргинален Монтесори материјал од сите области на Монтесори педагогијата за предучилишна и училишна возраст. Мебелот е изработен во Македонија од квалитетно дрво, според Монтесори стандардите.
Училницата нуди простор за индивидуална работа, работа во помали и поголеми групи, како и заедничка работа на сите деца.
Во училницата постои мирно катче каде децата можат да се релаксират и да разгледуваат и читаат сликовници и книги и катче каде децата стекнуваат способности за грижа за растителниот и животинскиот свет.
Полигоните за движење кои се организираат во дворот на Монтесори центарот ја задоволуваат потреба за движење и го стимулираат развојот на психомоториката.

Соработка и комуникација со родителите
Се надеваме дека заедно со Вас ќе му обезбедиме позитивно искуство на Вашето дете. За да го оствариме тоа потребно е да имаме искрена и отворена комуникација. Ве молиме слободно да ни се обратите доколку имате некое прашање или нешто Ве загрижува. Педагозите обично се зафатени со децата или работат на подготовка на околината и можеби нема да се во можност веднаш да разговараат со Вас. Затоа договорете се кога ќе можете да разговарате. За нас е многу важно да одговориме на сите Ваши прашања.
Почитувањето и соработката со родителите, за наставниците во Монтесори центарот, е исто толку битна колку што е и работата со детето.
Поединечните разговори со родителите придонесуваат да се разменат претставите за воспитувањето на детето, на родителите и на наставниците; за тие меѓусебно да се информираат за развојната ситуација на детето во Монтесори центарот и дома.
Кон дијалогот меѓу Монтесори центарот и родителскиот дом придонесуваат и заедничките прослави, активности и екскурзии. Вечерните разговори на Монтесори теми овозможуваат активно учество на родителите.
За секое дете се води развојно досие кое родителите можат да го погледнат во секое време.
Здравствена состојба
Доколку детето е болно Ве молиме да не го носите на Монтесори центарот. Здравствената состојба на детето треба да му овозможува да учествува во сите активности. Ако кај детето се појавила некоја заразна болест (сипаници или сл.) Ве молиме да не известите, како би можеле да ги известиме и другите родители. Изгубените часови детето ќе може да ги надополни во другите групи или во Саботните работилници.
Ве молиме да не известите доколку детето е алергично на некоја храна или убод од инсекти.
Партиципација на родителите
Родители кои имаат можност да учествуваат во активностите со децата се добродојдени. Тие можат да ја споделат со нас својата професија, посебен талент, културни информации или други теми што ќе ги интересираат децата. Поддршката од Вас родителите особено е добродојдена за време на реализацијата на екскурзиите, излетите и посетите.
Облека
Монтесори пристапот им овозможува на децата да бидат постојано во активен однос со околината и да бидат вклучени во разни активности. Ние се трудиме да ја заштитиме облеката, но не можиме да гарантираме дека нема да се извалкa. Затоа Ве молиме да му помогнете на Вашето дете да избере облека што нема да го попречува во неговите активности и ќе му овозможи да биде насочено кон активностите, а не кон грижа за облеката.
Ве молиме детето во својот ранец да има резервна облека и чисти обувки за во Монтесори училницата.
Дисциплина
Марија Монтесори сметала дека децата имаат потреба и ги почитуваат границите. Ние се трудиме да креираме околина која излегува во пресрет на потребите и интересите на секое дете и која ќе ја намали во најмала можна мера потребата за пренасочување на детето. Кога сепак ќе се појави потреба за пренасочување, внимателно го водиме детето кон поцелисходна активност и однесување. Во посериозните ситуации може да го повлечеме детето на страна или да побараме да остане до учителот, се додека не биде спремно да се врати во групата со однесување кое нема да им смета на другите деца и нема да ја попречува нивната активност.
Се трудиме преку разговор со детето да ја откриеме причината за несоодветното однесување и заедно со него да откриеме посоодветен начин на справување со ситацијата. Ние не сметаме дека детето е „лошо“, тука дека тоа се обидува да ги изразе своите потреби и да го најде своето место во групата. Сметаме дека водењето кон дисциплина всушност е водење на детето кон откривање и развивање на сопствените способности за самоконтрола. Секако соработката со Вас, родителите во овој процес е од непроценлива важност.
Детето секогаш од нас ќе добива љубов, разбирање и прифаќање.