МОНТЕСОРИ ПЕДАГОГИЈА

Монтесори педагогијата е нешто повеќе од дидактички материјал во училницата или подучување на децата од страна на наставникот. Тоа е став кон децата и начин на разбирање на нивната единствена природа. Тоа е создавање услови и давање можност на децата слободно да растат и во целост да ги развиваат своите потенцијали.
Марија Монтесори.
Иако Марија Монтесори е највеќе позната како едукатор, таа беше и пионер во областа на медицината. Професионалниот живот го започнала како прва жена лекар во Италија. Својот метод го развила врз база на опсервација на детските процеси на учење. Во 1907 ја отворила првата Детска куќа (Casa dei Bambini) во Сен Лоренцо во Рим. Водена од своето откритие д-р. Монтесори дизајнирала “подготвена околина” во која децата можат да избираат помеѓу големиот број развојни активности.
Успехот што Марија Монтесори го постигнувала со децата го побудил интересот на многу учители и педагози кои доаѓале од различни краеви на светот да ги слушаат нејзините предавања. Така таа ја напуштила докторската пракса и се посветила на ширење на својата педагогија. Дo својата смрт одржала стотици курсеви за својата метода и помогнала во отварањето на многу Детски куќи низ целиот свет.
Педагогијата на Марија Монтесори и по повеќе од 100 години од нејзиното создавање сеуште е актуелна зошто почива на универзални вредности за човештвото:
- човечко достоинство
- мир и
- слобода

Детето

Според Марија Монтесори детскиот развој не се одвива случајно туку според одредени законитости. Детето во својот развој поминува низ одредени фази. Првата фаза од живото (од раѓање до 6 години) таа ја нарекла фаза на абсорбирачки дух. Во оваа фаза децата буквално ги абсорбираат впечатоците од околината преку “порите“ на нивните сетила како што cунѓерот ја абсорбира водата. За време на овој период на пример децата го усвојуваат мајчиниот јазик многу полесно отколку што возрасните усвојуваат некој странски јазик. Затоа можностите што ги нуди околината во овој период се одлучувачки фактор во развојот на детскиот интелект.
Д-р. Монтесори сметала дека развојот на детето поминува низ сензитивни фази кога тоа усвојува одредени вештини и знаења. За време на овие периоди детето е фокусирено на одредени активности, интезивно се занимава со нив и ги совладува со огромна леснотија.
Монтесори развила специфичен дидактички материјал кој што кореспондира со сензитивните периоди и интересот на децата.
Современите истражувања на детскиот развој ја истакнуваат важноста на почитување на детето како индивидуа. Почитта на детето беше и е клучна карактеристика на Монтесори педагогијата. Почитувањето на индивидуалноста на детето во Монтесори педагогијата значи давање слобода на избор на активности во специјално подготвена околина, која одговара на детската природа. Подготвената околина му дава слобода на детето да учи и да се развива според сопствен ритам, според неговите потенцијали, можности и интереси. Детето само ја избира својата работа. Тоа никогаш не се форсира да работи нешто за што не е подготвено или нешто што е премногу елементарно и досадно за него.
Во Монтесори училницата се обидуваме да креираме не натпреварувачка и пријатна атмосфера каде детето се чувствува како дома и може да работи според сопственото темпо и уникатната природа. Наставниците ја подготвуваат околината со цел да излезат во пресрет на специфичните потреби на децата кои се менуваат и развиваат. Ние го почитува детскиот внатрешен ритам и му даваме можност и време да ги повторува активностите онолку колку што нему му е потребно. Само детето знае кога ја задоволило својата потреба за одредена активност и ја “абсорбирало“. Кога ние “го следиме детето“ на начин на кој се залагала Монтесори, ние всушност ја негуваме детската природна љубопитност и желба за учење.
Самостојноста е важно начело во Монтесори училницата. Детето се охрабрува на самостојност во секоја ситуација: во изборот на сопствена работа, во облекувањето на својата јакна, во чистењето на масичката по завршената работа итн. Секој мал чекор кон самостојноста ја гради самодовербата, самопочита и позитивниот концепт за себе.

Околината

Марија Монтесори сметала дека учењето може целосно да се оствари од страна на самата индивидуа. Детето стекнува знаења преку активна манипулација со различни материјали. Тоа исто така учи од другите што се во неговата околина. Децата во Монтесори училницата се на мешана возраст што од една страна на повозрасните деца им овозможува да ги подучуваат помалите деца и да ги развиваат социјалните вештини на толеранција и помош на другите. Од друга страна пак помалите деца добиваат позитивен модел за однесување и учење. Наставникот ја подготвува околината и презентира како се работи со одреден материјал. Тој дава внимателно дозирани информации за одреден материјал со цел да го поттикне интересот на детето. Детето започнува да манипулира со материјалот, да открива и самостојно учи.
Физички и ментално подготвената околина придонесува и за развој на однесувањето. Како што детето се задлабочува во целесообразна работа која што самото ја одбрало и која што одговара на неговите потреби, тоа работи со се поголема концентрација и внатрешно задоволство. Така детето постепено ја развива својата внатрешна дисциплина. Навистинa е импресивно да се види како во Монтесори училницата децата смирено работат заедно, помагајќи си и грижејќи се еден за друг.
Марија Монтесори сметала дека “раката е основниот учител на детето”. Затоа Монтесори училницата изобилува со понуда за манипулативни активности. Монтесори дидактичките материјали се дизајнирани да го стимулираат сензорниот, моторниот и интелектуалниот развој. Детето преку еден внимателно градуиран систем на учење се води од конкретното кон апстрактното. Овој принцип можете да го забележите во Монтесори училницата преку многу примери: во околината поделена на разни области децата почнуваат со работа со конретни материјали од областа на практичниот живот и сетилата, а потоа напредуваат кон поапстрактните области, математика и јазик; во рамките на секоја област децата прво започнуваат од наједноставните материјали, активности и постепено напредуваат кон посложените; за секој материјал обично постои поедноставен и посложен начин на работа. Кај поголем дел од материјалите изолиран е само еден квалитет, како на пример боја или величина, со цел детето да може да се концентрира на еден проблем. Материјалите даваат можност за контрола на грешка, односно му овозможуваат на детето само да ги согледа грешките и да ги корегира без да се плаши од правење грешки. Материјалите се така дизајнирани да сами го водат детето до откритија и стекнување знаења. Оваа карактеристика на материјалите ги охрабрува децата да стануваат се понезависни од возрасните во стекнувањето на знаења и да ја задоволат нивната желба и страст за учење.

Наставникот

Улогата на наставникот во Монтесори училницата е многукратна. Но неговата најважна улога е да го стимулира учењето кое што ја задоволува личната, детска потреба за учење, учењето за себе, а не за задоволување на другите или учење за оценка.
Наставникот е обучен внимателно да набљудува, да ги забележи различните потреби на децата и да обезбеди соодветно подготвена околина која ќе обезбеди максимален раст и развој на децата. Тој ја презентира правилната употреба и работа со материјалите и го води детето без да се вмешува во неговата работа. Наставникот е оној кој што ќе овозможи секое дете да напредува низ активностите од различните области. Тој ги поставува границите, го охрабрува колебливото и несигурно дете, внимателно го пренасочува детето што избрало претешка работа и го одржува ентузијазмот на децата. Тој е таму кога е потребен, но е “невидлив” кога не е потребен. Со други зборови тој го следи детето.