Често Поставувани Прашања во врска со Монтесори педагогијата
Која е разликата помеѓу Монтесори и традиционалното образование?
- Постојат неколку големи разлики. Најпрво во традиционалното образование воспитно-образовната работа се изведува според однапред предвидени план и програма и активностите се водени од страна на воспитувачите/наставниците. Во Монтесори училницата децата сами избираат што ќе работат. На овој начин децата учат и напредуваат според сопствен ритам, а не според однапред определен курикулум. Второ: во традиционалното образование децата уште на рана возраст се форсираат да ги меморизираат апстрактните поими. Децата во Монтесори училницата преку активна манипулација со Монтесори дидактичките материјали ги учат апстрактните поими на конкретен начин. Трето: во традиционалната училница од децата се бара поголем дел од времето да седат во клупа. Во Монтесори училницата на децата им се овозможува слободно да се движат и да работат на килимчиња на подот или на масичките. И на крај децата во Монтесори групите се мешани по возраст (по три календарски години), што ја охрабрува интеракцијата со деца на различна возраст, слично како во семејството. Во традиционалното образование децата се поделени според возраста со што се оневозможува помалите и постарите деца да учат едни од други.
Дали со примената на Монтесори педагогијата кај децата од рана возраст им се ускратува нивното детство со оглед на воведувањето на когнитивното учење?
- Основната активност на децата до шест години е играта. Во тој период тие најлесно учат, без напор, за кратко време и што е најважно тоа им е мошне забавно. Со Монтесори методот детската игра се насочува и структурира со што на детето му се овозможува да учи во една поттикнувачка околина во која ќе ги развива своите способности меѓу кои и когнитивните. Овозможувајќи му го на детето когнитивното учење низ игра за него не претставува оптоварување, туку прераснува во нешто интересно и стимулативно.
Дали начинот на работа со материјалите кај детето го попречува развојот на фантазијата, креативноста и спонтаноста?
- На детето прво му е потребно да му помогнеме да го воспостави основниот начин на мислење за да биде во состојба да ги прима и обработува новите информации. Во тоа од голема помош ќе му биде стандардизираната употреба на материјалот. Кога тоа самото ќе го достигне потребното ниво, тоа самото ќе изнаоѓа нови и креативни начини на решавање на исти задачи. Тоа се потврдува со фактот што детето многу често му се враќа на истиот материјал и истиот не му здосадува, туку напротив тоа со задоволство работи наоѓајки нови предизвици.
Дали со тоа што му се допушта слобода во работата и изборот на материјалите кај него не предизвикува чувство на збунетост?
- Секое дете има потреба самостојно да одлучи кога и колку ќе биде активно и кога и кој материјал ќе го искористи. Слободата го оспособува детето да напредува слободно спрема своите потреби, почитувајки ја при тоа и слободата на другите деца.
Дали децата во Монтесори училницата навистина можат да прават што сакаат?
- Тоа би довело до хаос. Децата сами избираат што ќе работат, но во внимателно структуирана средина во која владеат јасни правила и граници. Ние ја охрабруваме оваа самостојност затоа што на овој начин децата усвојуваат вештини за донесување одлуки и ја развива својата самодоверба. Наставникот е постојано присутен во училницата, ги набљудува децата и дава презентации на децата кои ќе го побараат тоа од него. Тој го следи напредокот на секое дете и внимателно го води до следното, повисоко ниво. Кога детето ќе избере материјал што е над неговите можности, наставникот внимателно го насочува кон нешто што повеќе му одговара на неговите потреби.
Дали присуството на децата со посебни потреби ќе го попречи развојот на останатите деца во групата?
- Со тоа што децата се дружат со различните од себе си им се прошируваат нивните социјални вештини, се учат да бидат потолерантни, да ги разбираат потребите на другите околу себе, и учат како да ги надминат предрасудите. Монтесори педагогијата им дава еднаква можност на сите деца.