Montessori Macedonia
  • Новости
  • За нас
    • Извештаи
    • Обука за модул 1
    • Обука за модул 2
    • Обука за модул 3
  • Монтесори педагогија
  • Монтесори центар
    • Монтесори курикулум
    • Искуства од родители
  • Персонал
  • Галерија
    • Видеа
    • Утринска програма
    • Лето 2017
    • Попладневни активности
    • Градина на бои 3
    • Erasmus+ проект
    • Проект за инклузијата
    • ПАТУВАЈТЕ СО БОИТЕ 2 - ЛЕТО 2015
    • Летни работилници 2014 - ПАТУВАЈТЕ СО БОИТЕ
    • Летни работилници 2013
    • Спортски работилници
    • Музички работилници
    • Летни работилници 2012
    • Тематски работилници
    • Колку е убава Македонија
    • Народи во светот 2
    • Народи во светот 1
    • Животински свет
    • Планетата земја
    • Патување низ вселената
  • ЧПП
  • Контакт

Елена Бојаџиевска

Picture
Дипломиран психолог
Монтесори педагог / мултипликатор
e-mail: elena_bojadzievska@hotmail.com

Вработена во „Здравствен Дом на Скопје“ – Скопје, „Центар за следење на растот и развојот на деца родени со ризик“

Во рамките на превентивно едукативниот карактер на своето работење вршам психолошко тестирање со стандардизирани развојни тестови по одредени критериуми, методологија и следење на развојот во одредени временски интервали со цел превенција или ублажување на развојните отстапувања и попреченоста.
Како посебен сегмент е работата со родители, со што се дава подршка, едукација и советување на семејството од најрана возраст за широк дијапазон на развојни проблеми, отстапувања или пречки во развојот.
Во изминатите години сум учествувала на проекти, конгреси со меѓународно учество, симпозиуми, работилници и слично, како можност за презентирање на мојата работа, но и стручно усовршување.
  • „Превенција на развојните девијации кај ризично родените деца“
  • „Влијание на семејството на ставовите и однесувањето на децата во раната претшколска возраст“
  • „Проблемот на агресивното однесување кај децата“
  • „Вовед на семејството со дете со посебени потреби во интегративниот процес“
  • „Монтесори педагогија – Зошто и кога?“
  • „Рано запознавање на семејството со хендикепот и неговото прифаќање“
Активно учествувам на едукативни работилници, трибини со стручни лица и родители во соработка со владини и невладини организации (ГТЗ, EducAid, Институт за дефектологија, Порака, градинки и други).
Од 2002 година учествувам во проектот на ГТЗ (Македонско – Германски проект) – „Унапредување на згрижувањето и третманот на деца со пречки во развојот“ како предавач, учесник.
Од 2003 до 2007 година преку ГТЗ ја завршив обуката за Монтесори педагог и Монтесори мултипликатор,   изведувана од страна на германски експерти со повеќегодишно искуство во педагошко – психолошката и дефектолошка пракса.
Посебен сегмент е активната партиципација во работата на Монтесори Центарот од 2006 година, кој претставува место каде децата на креативан начин со сите сетила учат и ги развиваат своите индивидуални потенцијали на сите полиња од својот живот. Во рамките на своето стручно усовршување за Монтесори педагогијата имам обавено студиски престој во Минхен (Германија) во организација на ГТЗ.
Од 2006 година сум член на Македонското Монтесори здружение.
Активно учествувам како советувач и организатор на едукативни работилници со млади во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ за сексуално и репродуктивно здравје.
Исто така сум член на Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.
Повеќе од 30 години децата со родителите се активни придружници на мојата работа.

Билјана Стерјадовска Стојчевска

Picture
Дипломиран дефектолог
Монтесори педагог / мултипликатор
e-mail: sterjadi@yahoo.com

Билјана Стерјадовска Стојчевска е дипломиран дефектолог кој 19 години работи во Заводот за рехабилитација на деца и младинци. Таму ги стекна и своите први искуства од практичната примена на Монтесори педагогијата во работа со деца со посебни потреби.
Својата едукација за Монтесори педагогијата ја започна во 2003 година. По завршувањето на двегодишната обука за Монтесори педагог се стекна со сертификат од страна на Баварското Монтесори Здружение.
Потоа следеше двонеделна хоспитација во Монтесори установи во Минхен.
Во септември 2005 година ја започна едукацијата за Монтесори мултипликатор и беше асистент на германските Монтесори експерти во реализацијата на вториот тренинг за Монтесори педагогијата на воспитувачите и наставниците од детските градинки, посебните и основните училишта, установите и дневните центри за деца со посебни потреби. По двогодишната обука се оспособи за Монтесори мултипликатор.
Напоредно со својата едукација учествува во креирањето, отворањето, работата и развивањето на Монтесори центарот. Во рамките на Монтесори центарот работи со деца на предучилишна и училишна возраст и индивидуална работа со деца со посебни потреби.
Активно учествуваше во креирањето, организацијата и развивањето на Монтесори работилниците при Детската градинка “13 Ноември“.
Во рамките на Македонското Монтесори Здружение беше координатор на неколку проекти, и креатор Програмата за подршка и стручно усовршување на Монтесори педагозите.
Најзиното десетгодишно практично искуство во примената на Монтесори педагогијата во работа со деца на предучилишна и училишна возраст, со и без посебни потреби е збогатено и со повеќемесечната работа во Интернационална Монтесори Детска Куќа (градинка) во Виена.

Ружица Биџовска 

Picture
Дипломиран педагог
Монтесори педагог / мултипликатор
e-mail: ruzicaavramovska@gmail.com


Ружица Биџовска е дипломиран педагог и музички соработник во детската градинка 13 Ноември Скопје. Повеќе од 30 години активно работи со деца од предучилишна возраст. Покрај редовната воспитно образовна работа својата професионална едукација ја збогатува со семинари и проекти од областа на Инклузивното образование:

  • Чекор по чекор
  • Превенција на физичка и сексуална злоупотреба на деца
  • Основи на демократијата
  • Планирање на научно истражување
  • Мобилизирање на локални ресурси
  • Застапување и лобирање
Од 2003 год.-2005год. успешно ја завршува првата етапа од Монтесори педагогијата и се стекнува со сертификат издаден од Баварското Монтесори Здружение.
На покана на Баварското Монтесори Здружение беше на студиско патување во Германија – Минхен каде присуствуваше на четиринаесет дневна хоспитација во Монтесори детски градинки.
Од 2005 год.-2007год. ја следи втората етапа од Монтесори курсот. Истиот успешно го завршува и се стекнува со сертификат за Монтесори мултипликатор.
Активно учествува во основањето и развивањето на Монтесори центарот каде работи со деца на предучилишна и училишна возраст.
Во 2008 год. ја иницира потребата за активирање на Монтесори работилница во Детската градинка “13 Ноември“ Р.Е. Јасмин, како дополнителна програма и едукација за децата од овој објект. Работилницата работи во попладневните часови каде се практикува Монтесори педагогијата.
Своето богато музичко-педагошко искуство несебично го имплементира во работата со сите деца кои го посетуваат Монтесори центарот во вид на Музички работилници. Овие работилници се наменети за поттикнување на музичките способности, а се во форма на музички игри, обработка на детски песни, музика и движење, свирење на Орфови инструменти, музичко творештво, музичко-ритмички игри...


Љиљана Симоновска

Picture
Дипломиран педагог
Монтесори педагог / мултипликатор
e-mail: lilesi@freemail.com.mk / qiqsim@gmail.com


Долгогодишен работник на Здравствен Дом Скопје-Скопје- Завод за ментално здравје за деца и младинци ,,Младост“, како диплoмиран педагог, односно Mонтесори педагог- терапевт; мојата долгогодишна работна ангажираност доминантно беше во функција на спречување на секундарно условени пореметувања и оптимално поттикнување на целокупниот развој кај секое дете поединечно, како и на говор, пишување, читање, сметање и перцепција, а со користење на материјали (прибори) за активности во секојдневниот живот, за развивање на сетилата, за математика, за усвојување на јазик и космичко воспитување.
Од едукативен аспект, како монтесори педагог и монтесори мултипликатор остварувам нагласена активност во Монтесори Центарот, Македонско Монтесори Здружение, како и во Младински Центар ,,Сакам да знам“ (Х.Е.Р.А.) како давател на услуги, базирано, пред се, на посетуваните и финализирани на значајни едукативни семинари од меѓубародни експерти.

Своја продлабочена активност имам остварувано и како учесник во реализација на повеќе проекти во периодот.
1. Развојна стратегија за превенција - Психосоцијален стрес кај училишни деца–UNICEF,

2. Можеме заедно - детекција и третман на деца со развојни проблеми во училишна возраст- FIOOM,
3. Психосоцијална подршка на внатрешно раселени лица – UNICEF

4. Центри за сексуално и репродуктивно здравје Х.Е.Р.А - “Сакам да знам“,
5. Модернизација на образованието-Влада на Р.М., активно вклучуваќи се во осмислувањето и промовирањето на Монтесори педагогијата, нејзината метода и филозофија, како и правилата и принципите, се разбира, заедно со Монтесори материјалите наменети за наставниците од О.У. во Р.М.
Во моментот сум активен Монтесори педагог во Едукативниот центар во с. Бардовци.


Даниела Саздова 

Picture
Дипломиран дефектолог
Монтесори педагог 
e-mail: danisazdova@gmail.com

Даниела Саздова е дипломиран дефектолог со работно искуство од 17 години со деца со умерени, тешки и комбинирани пречки во развојот во Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје.
Обуката за Монтесори педагогија ја следеше и ја заврши во периодот 2005 - 2007 година под менторство на обучувачи од Баварското Монтесори Здружение од Германија, како и  Монтесори мултипликаторите од Македонија.
Паралелно со едукацијата започна и практично да ги применува Монтесори принципите и стекнатите искуства во работата со деца со пречки во развојот.
Од септември 2009 година се вклучи активно во работата на Монтесори центарот и ја применува Монтесори педагогијата најпрво во индивидуална работа со деца со посебни потреби, а потоа и во редовните Монтесори групи.

Јасмина Трошанска 

Picture
М-р по дефектолошки науки
Монтесори педагог 
e-mail: jasminaiva@gmail.com

Јасмина Трошанска е магистер по дефектолошки науки во областа на ментална ретардација аутизам. Таа своето работно искуство како дефектолог го стекнува за почеток во Специјалниот завод во Демир Капија како дел од проектот "Инклузија и социјални активности со децата од Специјалниот завод Демир Капија", потоа се вработува како дефектолог-наставник во ПОУ "Иднина" а денес работи во ПОУ "Д-р Златан Сремец" во група со деца со аутизам. Со Монтесори педагогијата се запознава во рамките на организираната обука од страна на Баварското Монтесори Здружение во периодот од септември 2005 до јуни 2007 година при што се стекна со сертификат за Монтесори педагог и започнува да ги применува принципите и материјалите од Монтесори педагогијата во својата работа. Со завршувањето на обуката и добивањето на сертификатот за Монтесори педагог таа станува и член на Македонското Монтесори Здружение.

Весна Пецева

Picture
Дипломиран педагог
Монтесори педагог 
e-mail: vesnapecev@t-home.mk

Весна Пецева е дипломиран педагог кој над 25 години работи како воспитувач во детската градинка ,,13 Ноември,, во Скопје.
Во 2003 год. присуствува на предавање за Монтесори педагогијата, од страна на Баварското Монтесори Здружение и Филозофскиот Факултет од Скопје, и пројавува интерес за нејзино понатамошно проучување.
Во 2005 год. започнува со двегодишна обука, организирана од ГТЗ, а под водство на предавачи од Баварското Монтесори Здружение. По завршувањето, во 2007 се стекнува со сертификат за обучен Монтесори педагог.
Оттогаш работи на создавање на услови за доближување на Монтесори педагогијата до децата, родителите и воспитувачите, а особено за нејзина имплементација во градинката. Учествува во реализирање на Родителска вечер, и Отворен ден, за промовирање на Принципите на Монтесори педагогијата.
Во 2009, хоспитира во Монтесори центарот, во групите што ги водат Монтесори мултипликаторите, со цел да се здобие со практично искуство за самостојна работа.
Од октомври, 2009, започнува со работа во Монтесори поладневна работилница. 

Гордана Стојчевска Зафировска 

Дипломиран педагог
Монтесори педагог / мултипликатор

Снежана Талеска

Дипломиран тифлолог
Монтесори педагог / мултипликатор

Марија Трифуновска

Дипломиран дефектолог
Монтесори педагог / мултипликатор
Марија Пандовска
​
Дипломиран психолог

Монтесори педагог / мултипликатор
Александра Дедес Трајковски
Дипломиран педагог
Монтесори практикант
Симона Бојаџиевска
Дипломиран педагог
Монтесори практикант

Наташа Момировска
Дипломиран дефектолог
Монтесори практикант

Powered by Create your own unique website with customizable templates.