МАКЕДОНСКО МОНТЕСОРИ ЗДРУЖЕНИЕ
МАКЕДОНСКОТО МОНТЕСОРИ ЗДРУЖЕНИЕ е формирано во февруари 2006 година како невладина, непартиска, непрофитна и хуманитарна организација. Здружението беше засновано по иницијатива на група обучени Монтесори воспитувачи (педагози, дефектолози, психолози) организирани на доброволна основа, кои ги спои вербата во децата и истите образовни, хумани и социјални начела. Идејата беше подржана и од родители на деца со и без посебни потреби, кои подоцна се вклучија во организацијата како нејзини активисти или волонтери.
Денес Македонското Монтесори Здружение брои 50 членови, но и понатаму перманентно работи на квалитативно подобрување и омасовување на своето членство, со цел попрофесионално реализирање на својата цел и задачи.
Македонското Монтесори Здружение е добитник на нагрдата “Феникс“ за 2009 година, на Општина Центар, за своите достигнувања на полето на воспитанието и образованието на деца со и без посебни потреби од предучилишна и училишна возраст.
Денес Македонското Монтесори Здружение брои 50 членови, но и понатаму перманентно работи на квалитативно подобрување и омасовување на своето членство, со цел попрофесионално реализирање на својата цел и задачи.
Македонското Монтесори Здружение е добитник на нагрдата “Феникс“ за 2009 година, на Општина Центар, за своите достигнувања на полето на воспитанието и образованието на деца со и без посебни потреби од предучилишна и училишна возраст.
ЦЕЛ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО:
Основна цел на Здружението е унапредување на воспитанието, образованието и третманот на децата со и без посебни потреби преку имплементација на Монтесори филозофијата и Монтесори методот.
Задачи на Здружението се:
РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНOСТИ:
Основна цел на Здружението е унапредување на воспитанието, образованието и третманот на децата со и без посебни потреби преку имплементација на Монтесори филозофијата и Монтесори методот.
Задачи на Здружението се:
- Основање и развивање на Монтесори установи во Р Македонија;
- Советување на родителите;
- Советување и тренинзи за Монтесори педагогијата на персоналот од предучилишните, училишните и установите за деца со посебни потреби во Р Македонија;
- Соработка и формирање партнерства со предучилишните, училишните и установите за деца со посебни потреби во Р Македонија;
- Основање и одржување на Монтесори курсеви за обука;
- Развивање на Монтесори стандарди;
- Издавање на публикации на тема Монтесори педагогија;
- Организирање креативни работилници, изложби и разни манифестации и фестивали;
- Соработка со Институтите за педагогија на државните и приватните факултети, Педагошките академии и Институтот за дефектологија во Р Македонија;
- Воспоставување контакти и партнерства со странски Монтесори здруженија и друго.
РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНOСТИ:
2021
- Продолжи со работа Центарот за ран детски развој во Р Македонија „М-едукативен центар“
- Реализиран е проектот „Анализа на податоците добиени од мапирањето на давателите на социјални услуги за лица со попреченост на територија на Град Скопје“, преку кој се подготви квантитативна и квалитативна анализа на давателите на здравствени, образовни и социјални услуги во сите општини на територија на Град Скопје. Резултатите од овој проект ќе послужат како основа за креирње на политиката за развој на социјалната и детска заштита на локално ниво
- Започна активноста „Подготовка на лични планови за преселба на корисници од СЗ Демир Капија, опфатени со процесот на деинституционализација“, како дел од TIMOR проект - IPA/2019/413-899-06. Оваа активност предвидува проценка на способностите и можностите на корисниците и изготвување на лични планови за корисниците според предвидената Методологија за лично планирање.
- Започна активноста „Подготовка на корисници од СЗ Демир Капија за преселба, опфатени со процесот на деинституционализација“, како дел од TIMOR проект - IPA/2019/413-899-06. Во рамките на оваа активност изготвена е функционална проценка на способностите и можностите на 50 корисници, специјализирана индивидуална програма за секој корисник и нивна подготовка за преселба.
- Реализиран е проектот „Scrap, rattle and roll”, како дел од Еразмус+ програмата
- Учество на конгрес на Монтесори Европа
- Учествуваа на Youth Speak Forum во организација на AIESEC Македонија
- Учество на Меѓународниот инклузивен фестивал "Играј со мене" во Словенија, во соработка со ДМБУЦ "Илија Николовски Луј" - Насока за традиционална музика и игра https://www.youtube.com/watch?v=0GU7RVs3W9k&list=PLO6M0-H0Gxn6zqt2-ue28QNoGdvPMIawB&index=9
- Потпишан Меморандум за соработка со Народниот правобранител за заедничко делување за унапредување на правата на лицата со попреченост
2020
- Продолжи со работа Центарот за ран детски развој во Р Македонија „М-едукативен центар“
- Реализирана Воведна обука за Монтесори педагогија во траење од 66 часа, на која учествуваа 12 учесници од различни профили (педагози, психолози, специјални едукатори и рехабилитатори, родители)
- Потпишан е Меморандум за соработка со Интернационален Балкански Универзитет кој вклучува реализација на предавања за студентите и овозможување нивна практична настава во Монтесори центарот
- Соработник на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија во проектот „Е-платформа за далечинска поддршка на деца со попреченост и нивните семејства за време на пандемија од Ковид-19“. Проектот беше финасиски поддржан од OБСЕ Мисијата во Скопје, како дел од Вонредниот повик за предлози: Фонд за одговор на Ковид-19.
- Реализиран е проект „Мапирање на давателите на социјални услуги на територијата на Град Скопје“, преку кој се подготви прелиминарна квантитативна и квалитативна анализа на давателите на здравствени, образовни и социјални услуги во сите општини на територија на Град Скопје.
- Стручниот тим на Македонското Монтесори Здружение изготви Програма за образование на возрасните - Aсистенти за поддржано живеење на лица со попреченост, во рамките на Проектот ТИМОР на CeProSARD, во конзорциум со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ, СЗ „Демир Капија“, Општина Демир Капија и Фондација Лоза.
- Стручниот тим на Македонското Монтесори Здружение изготви Водич за градење на вештини за имплементација на услуги за поддршано живеење во заедницата и реализираше обуки за 100 негователи на кои беа презентирани главните сегменти на водичот, во рамките на Проектот ТИМОР на CeProSARD, во конзорциум со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ, СЗ „Демир Капија“, Општина Демир Капија и Фондација Лоза.
- Стручниот тим на Македонското Монтесори Здружение реализираше вебинари за поддршка на родителите на децата со попреченост на возраст од 3 до 16 години, во услови на пандемија, во рамките на проектот „Правна помош на децата и на лицата со попреченост“ на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
- Стручниот тим на Македонското Монтесори Здружение изготви Водич за комуникација при давање правна помош на деца и на лица со попреченост и на нивните семејства и реализираше обука за вработените во одделите за бесплатна правна помош во рамки на Министерството за правда, во рамките на проектот „Правна помош на децата и на лицата со попреченост“на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
2019
- Продолжи со работа Центарот за ран детски развој во Р Македонија - „М-едукативен центар“, во нови и посовремени услови
- Реализирани се серија работилници на тема „Монтесори методот и други практични техники, помош при работата со деца со посебни потреби во занималната“
2018
- Продолжија со работа Центарот за ран детски развој во Р Македонија - „М-едукативен центар“ и Едукативниот центар за деца од ромската популација и деца од рурални средини во село Бардовци;
- Реализиран е проектот „Зелена агенда“, партнерски проект со ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје, ООУ Рајко Жинзифов – Општина Чаир и Монтесори центарот.
- Реализирана е студиска посета во инклузивна Монтесори градинка и Центар за терапија, „Монтесори 21“, во Минхен, Германија
- ММЗ беше избрана во програмата „Поддршка за создавање нови работни места во граѓански организации„ на UNDP и Агенција за вработување на РМ
- Реализиран е проектот „Градина на бои – Допри ја уметноста 5“, во соработка со НУ Музеј на современата уметност
2017
- Продолжија со работа Центарот за ран детски развој во Р Македонија - „М-едукативен центар“ и Едукативниот центар за деца од ромската популација и деца од рурални средини во село Бардовци;
- Учество на годишниот состанок на Регионалната мрежа за социјална добросостојба на државата, на земјите од Западен Балкан
- Реализирани работилници за воспитувачите од детските градинки – „Монтесори методот и други практични методи и техники – чекор кон подобра инклузија на децата со посебни потреби во градинките.“
- Учество во истражувачкиот тим на студијата „Од бројки кон практика – идентификување и анализа на показателите поврзани со квалитетот на наставниот процес во основното образование во Македонија“
- Учество на Саемот на наставни средства во организација на Сојузот на дефектолози на РМ
- Реализиран е проектот „Градина на бои – Допри ја уметноста 4“, во соработка со НУ Музеј на современата уметност
- Посета на Меѓународна Монтесори градинка во Виена
- Учество на обуката „Куклата и театарот како метод на инклузија“, во Р Словенија
2016
- Продолжи со работа Центарот за ран детски развој во Р Македонија - „М-едукативен центар“, во нови и посовремени услови
- Продолжи со работа Едукативниот центар за деца од ромската популација и деца од рурални средини во село Бардовци;
- Реализирана е Воведна обука за Монтесори педагогија за педагози и психолози
- Реализирана е програмата „Игри и играчки од цел свет“
- Партнер во проектот „Уметноста не познава граници “ дел од програмата Градиме мостови на Мисијата на ОБСЕ и МОН
- Реализиран е проектот „Градина на бои - Допри ја уметноста 3, во соработка со НУ Национална галерија на Македонија
- Реализирана е програмата „Нашиот мал времеплов“ во рамките на Монтесори летните работилници
2015
- Продолжи со работа Едукативниот центар за деца од ромската популација и деца од рурални средини во село Бардовци;
- Започна со работа утринската група при првиот Центар за ран детски развој во Р Македонија - „М-едукативен центар“
- Реализирана е програмата „Време за мене“
- Партнери во Интернационалниот проект „Срцето и душата на инклузијата“ дел од Erasmus + програмата
- Реализирана е програмата „Светлината - прозорец кон Универзумот“, во соработка со Природно математичкиот факултет http://www.light2015.org/Home/Event-Programme/2015/SchoolActivities/Macedonia----Light---a-window-to-the-universe-.html
- Презентиран е трудот „Детето – градител на човекот на VI Меѓународна научно-стручна коференција „Унапредување на квалитетот на живот на децата и младите„
- Реализирани се хуманитарни акции за маргинализирани групи на граѓани
- Учество на НВО саемот
- Реализиран е проектот „Градина на бои - Допри ја уметноста 2“, во соработка со Музејот на современата уметност и со поддршка на Министерството за култура.
- Реализирана е програмата „Патуваме со боите 2“ во рамките на Монтесори летни работилници;
2014
- Продолжи со работа Едукативниот центар за деца од ромската популација и деца од рурални средини во село Бардовци;
- Учество на студиска посета „Поглед во инлузивната практика“ во Синтра, Португалија во рамките на програмата на Национална агенција за развој на образованието на РМ
- Потпишан е Договор за соработка за 2014 година, со Институтите за педагогија и дефектологија при Филозофскиот факултет при што студентите од овие Институти ја реализираа практичната настава во Монтесори центарот;
- Реализирана е програмата „Волшебните кристали“, во соработка со Природно- научниот музеј, Технолошко металуршкиот факултет и Деко http://www.iycr2014.org/events/activities_for_schoolchildren/the-magical-crystals
- Реализирана е „Воведна обука за Монтесори педагогија за педагози и психолози“
2013
- Продолжи со работа Монтесори центарот;
- Започна со работа Едукативниот центар за деца од ромската популација и деца од рурални средини во село Бардовци;
- Потпишан е Договор за соработка со Институтите за педагогија и дефектологија при Филозофскиот факултет при што студентите од овие Институти ја реализираа практичната настава во Монтесори центарот;
- Реализирана е посета на Интернационалниот фестивал за социјална инклузија на лица со посебни потреби „Играј со мене“, во Љубљана, Словенија
- Реализирана е програмата „Патувањето на Капка“ во рамките на Монтесори летни работилници;
- Презентиран труд „Искуства од примената на Монтесори методот во работа со деца со пречки во развојот“ на Меѓународната конференција „Современи аспекти на специјалната едукација и рехабилитација на лицата со инвалидност“
- Започна обука за „Методско набљудување во Монтесори педагогијата“ на персоналот од приватната градинка ST. PAUL.
- Учество на обуката „Училиште за сите – чекор понапред во инлузивното образование“ во Салзбур, Австрија во рамките на Комениус програмата на Национална агенција за развој на образованието на РМ
2012
- Продолжи со работа Монтесори центарот;
- Реализирана е студиска посета на Монтесори установи и Интернационалниот фестивал за социјална инклузија на лица со посебни потреби „Играј со мене“, во Љубљана, Словенија;
- Организирани се Монтесори летни работилници за деца од 3 до 10 години, со и без посебни потреби;
- Партнери на Skopje Design Week и оргнизатори на Креативните работилници за деца во рамките на фестивалот;
- Организатор на едукативни прдавања за СОС мајките од Детското СОС село - Скопје;
- Донација на Монтесори материјал за градинките на територија на Општина Карпош;
- Презентиран труд „Монтесори центарот – поддршка на инклузијата“ на Меѓународниот научно – стручен собир „Инклузивно образование – состојба и предизвици“
- Организатоr на едукативни работилници во Детски клуб „Сезнајковци“
- Организатор на Едукативни Родителси Вечери во градинките на територија на Општина Карпош;
- Донација на Монтесори материјал за градинките на територија на Општина Карпош;
2011
- Продолжи со работа Монтесори центарот;
- Организирани се Монтесори Летни Работилници. Работилниците беа наменетеи за деца на возраст од 3 до 10 години. Во тек нашест седмици децата стекнаа знаења на различни теми;
- Учество на меѓународниот конгресот "Монтесори денес - научен пристап во образованието", во организација на Монтесори Европа;
- Започна реализацијата на Програмата на саботните тематски работилници;
- Реализирани се серија стручни предавања за воспитните тимови од предучилишните установи на тема „Монтесори педагогијата – поддршка на индивидуалниот развој на детето.“ Предавањата се реализираат во сите клонови на преучилишните установи на територија на Општина Карпош.
- Организирани се Музички работилници во соработка со Средното Музичко Училиште „Илија Николовски Луј“
- Организирани се Монтесори саботни работилници за деца од 3 до 10 години
- Организирање на Креативна работилница за Мобилниот оператор VIP
2010
- Продолжи со работа Монтесори центарот;
2009
- Продолжи со работа Монтесори центарот;
- Организиран е “ Монтесори Отворен Ден“ на кој е презентиран развојот на Монтесори педагогијата во македонските владини и невладини институции;
- Организирани се “Монтесори Родителски Вечери“ во детските градинки, основните и посебните училишта во Скопје;
- Формирани се нови Монтесори попладневни работилници во Детската градинка “13 Ноември” – Скопје;
- Започна реализација на Програмата за подршка и стручно усовршување на Монтесори педагози од редовните и посебните воспитно-образовни институции.
2008
- Продолжи со работа Монтесори центарот
- Формирана е Монтесори попладневна работилница во Детската градинка “13 Ноември” – Скопје;
- Се збогати понудата на Монтесори центарот преку воведување на програма за музички активности, музички работилници и индивидуална музичка работа со деца со посебни потреби;
- Претставена е работата на Монтесори центарот на Интернационална конференција за деца со посебни потреби, организирани од Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет;
2007
- Продолжи со работа Монтесори центарот;
- Изработен е елаборат за Монтесори Детска Куќа;
- Започна реализација на Родителски вечери во Монтесори центарот.
- Дадена е поддршка и асистенција на Германските експерти при обука за Монтесори педагогија на персоналот од детските градинки, основните и посебните училишта и институциите и дневните центри за деца и младинци со посебни потреби (обуката беше организирана од ГТЗ)
2006
- Формиран е првиот Монтесори центар во Р Македонија;
- Издадена е брошура за Монтесори центарот;
- Издадени се статии за Монтесори методот во неколку дневни весници;
- Учество на меѓународниот конгресот "Демократија во образованието", во организација на Монтесори Европа;
ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА:
Собрание на Здружението.
Собранието е највисокиот орган на Здружението. Собранието го сочинуваат сите членови на здружението. Собранието се одржува најмалку еднаш годишно. Своите одлуки собранието ги донесува со мнозинство гласови од присутните. Собранието на Здружението:
Извршен одбор на Здружението.
Извршниот одбор го сочинуваат 5 члена кои ги избира Собранието на Здружението, за време од 4 години. Извршниот одбор на Здружението ги има следните надлежности:
Претседател на Здружението.
Претседателот на Здружението ги избира Собранието, за време од 4 години, со можност за реизбор. Претседателот на Здружението:
Надзорен одбор на Здружението.
Надзорниот одбор го сочинуваат 3 члена кои ги избира Собранието на Здружението, за време од 4 години. Надзорниот одбор се грижи за законско, финансиското и материјалното работење на сите органи на Здружението. За својат работа поднесува годишен извештај до Собранието на Здружението.
Генерален секретар на Здружението.
Генералниот секретар на Здружението остварува секојдневни координативни активности директно поврзани со динамиката на активности на Здружението од техничко организациона природа.
ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО.
Член на Здужението може да биде секој граѓанин на РМ кој има желба и интерес да работи на остварување на целите и задачите на Здружението. Зачленувањето се врши со доброволно пристапување кон Здружението. Лицата кои дале посебен придонес за развој и унапредување на воспитанието и образованието и за развојот на Здружението, а од разни причини се спречени активно да учествуваат во работата на Здружението, можат да бидат прифатени како негови почесни членови. Почесните членови можат да бидат граѓани на РМ или странски државјани.
Собрание на Здружението.
Собранието е највисокиот орган на Здружението. Собранието го сочинуваат сите членови на здружението. Собранието се одржува најмалку еднаш годишно. Своите одлуки собранието ги донесува со мнозинство гласови од присутните. Собранието на Здружението:
- Го донесува статутот, програмата и другите акти на Здружението и нивните измени и надополнувања;
- Усвојува годишен извештај, насоки, план и програма за работа;
- Усвојува завршна сметка и финансиски план;
- Одлучува за основање и укинување на ограноци на Здружението;
- Одлучува за здружување и зачленување во Сојузи и меѓународни организации;
- Избира органи на здружението и др.
Извршен одбор на Здружението.
Извршниот одбор го сочинуваат 5 члена кои ги избира Собранието на Здружението, за време од 4 години. Извршниот одбор на Здружението ги има следните надлежности:
- Ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките, донесени од Собранието;
- Управува и одговара за управувањето со имотот на Здружението;
- Подготвува годишен и периодични планови и извештаи за својата работа;
- Формира комисии, работни групи или привремени тела и др.
Претседател на Здружението.
Претседателот на Здружението ги избира Собранието, за време од 4 години, со можност за реизбор. Претседателот на Здружението:
- Ги подготвува, свикува и претседава со седниците на Собранието;
- Ги потпишува и спроведува актите кои ги донесува Собранието;
- Ги реализира задачите предвидени со годишниот план и програма на Здружението, а донесени од Собранието;
- Го застапува и претставува Здружението во земјата и странство;
- За својата работа Претседателот одговара пред Собранието.
Надзорен одбор на Здружението.
Надзорниот одбор го сочинуваат 3 члена кои ги избира Собранието на Здружението, за време од 4 години. Надзорниот одбор се грижи за законско, финансиското и материјалното работење на сите органи на Здружението. За својат работа поднесува годишен извештај до Собранието на Здружението.
Генерален секретар на Здружението.
Генералниот секретар на Здружението остварува секојдневни координативни активности директно поврзани со динамиката на активности на Здружението од техничко организациона природа.
ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО.
Член на Здужението може да биде секој граѓанин на РМ кој има желба и интерес да работи на остварување на целите и задачите на Здружението. Зачленувањето се врши со доброволно пристапување кон Здружението. Лицата кои дале посебен придонес за развој и унапредување на воспитанието и образованието и за развојот на Здружението, а од разни причини се спречени активно да учествуваат во работата на Здружението, можат да бидат прифатени како негови почесни членови. Почесните членови можат да бидат граѓани на РМ или странски државјани.