Montessori Macedonia
  • Новости
  • За нас
    • Извештаи и публикации
    • Обука за модул 1
    • Обука за модул 2
    • Обука за модул 3
  • Монтесори педагогија
  • Монтесори центар
    • Монтесори курикулум
    • Искуства од родители
  • МоПи Центар
  • Персонал
  • Контакт
  • Проекти
    • Еразмус+ проекти
    • Останати проекти
  • Галерија
    • Видеа
    • Утринска програма
    • Лето 2017
    • Попладневни активности
    • Градина на бои 3
    • Erasmus+ проект
    • Проект за инклузијата
    • ПАТУВАЈТЕ СО БОИТЕ 2 - ЛЕТО 2015
    • Летни работилници 2014 - ПАТУВАЈТЕ СО БОИТЕ
    • Летни работилници 2013
    • Спортски работилници
    • Музички работилници
    • Летни работилници 2012
    • Тематски работилници
    • Колку е убава Македонија
    • Народи во светот 2
    • Народи во светот 1
    • Животински свет
    • Планетата земја
    • Патување низ вселената
  • ЧПП
Топло го препорачувам Монтесори Центарот како средина која суштински придонесува за личниот и емоционалниот развој на детето. Преку структурираните активности и посветеноста на едукаторите кај нашиот син, се разви свесност за сопственото дејствување, се зголеми компетентноста и  знаењето за светот кој го опкружува сето тоа придонесувајќи кон зголемување на неговата самодоверба.
Активностите од практичниот живот, космичкото образование, математика, уметност не останаа само во рамките на училницата – ефектите ги забележуваме во секојдневното однесување, преку логичко размислување, знаење и љубопитност. Максим природно ја разви желбата “да направи сам“ што е основа на осамостојувањето.
За нас особено значајно беше, и сеуште е,  развојот на концентрацијата и фокусот. Максим разви способност да се посвети на задачата, да истрае до нејзиното завршување, сето тоа со смиреност и без фрустрација и вознемиреност. Отвореноста кон родителите и соработката, преку можноста да се учествува во активностите е особено позитивно искуство и за децата и за родителите.
Пристапот во Монтесори Центарот не само што го поттикна интелектуалниот развој, туку и суштински придонесе кон развојот на стабилна, самостојна и љубопитна личност. Овде добивме се што посакувавме и очекувавме за нашето дете и многу повеќе од тоа, затоа искрено и од срце го препорачувам.


  М.М. (Јули, 2025)

Огромна благодарност до целиот тим на Монтесори центарот, а особено до учителките Ивана и Марија, за трите незаборавни години што Ирис ги помина во Центарот. 
За неа, Монтесори беше многу повеќе од едукативен центар – тој беше нејзиниот втор дом. Секое утро влегуваше низ влезната врата со насмевка, радост и љубопитност, благодарение на топлата и инспиративна атмосфера што ја создававте во детската заедница. 
Искрено се надевам дека вредностите што ги негувавте и развивавте кај Ирис – љубопитноста, креативноста и самостојноста  –  ќе ѝ бидат водилка и поттик низ сите предизвици што ја очекуваат.
Ве поздравуваме и се надеваме на нови средби догодина!

 Д.Б. (Јуни, 2025)

Со години го посетуваме вашиот центар и ви благодариме за секоја доза љубов, стручност, трпеливост, другарство која ја добиваат децата кои ве посетуваат.
Секогаш топло ве препорачуваме.
Продолжете и понатамо да сјаете.

  А.К. (Јуни, 2025)

Ова беше едно прекрасно искуство за нашето дете, полна со желба и возбуда ги следеше дневните активности во Монтесори центарот и истите ги прераскажување надвор од градинката на своите другарчиња. 

Ви благодариме за се, 

  Д.С. (Јуни,2025)


15-ти јули дојде, што го означува последниот ден на Алан во градинка – ден што ме пречека со големо неверување и предвремена носталгија.
Алан го посетуваше Монтесори центарот речиси цели три години. Јас можам да зборувам само од родителско искуство, но овие три години Монтесори центарот ми беше "safe place", единствената светла точка во нашето општество, каде владеат сите вредности кои ги ценам: јасен ред и поредок, колектив базиран на меѓусебно почитување и споделени одговорности, и неприкосновеност на индивидуалната посебност на секое дете.
Двапати имав чест да бидам целодневен гостин и да го видам перфектното и спокојно функционирање на оваа мала заедница. Секој си го знаеше својот дел – кој проѕива за присуство, кој поставува маси за оброк, кој чисти, кога излегуваат надвор, кога играат слободно, а кога се одржува настава. Дополнително, наставниот материјал е фантастичен. Алан уште тврди дека магнетните блокови во неговата градинка се најубави од сите.

Целиот персонал беше секогаш љубезен и отворен за разговор и соработка. 
 
Ви благодарам од се` срце ❤️
Мери Батакоја (Јули, 2024)

We are extremely satisfied with the Montessori day centre and the impact it has had on our children. Compared to other kindergartens, the children here learn a multitude of new skills that will be invaluable in the future. They are constantly engaged in a variety of activities, fostering responsibility and creativity. The difference was immediately noticeable when we moved our child from another kindergarten. The Montessori day centre truly stands out in nurturing and developing our children’s potential.

G.S. and N.S. (July, 2024)

 Нашето дете имаше прилика да го посетува Монтесори центарот во период од една година. Трансферот од класичната градинка во Монтесори центарот го направивме во последната година пред заминување во училиште и тоа е најсреќната одлука која сме ја донеле за на нашето детенце. Искуството во центарот, значително придонесе  за неговиот раст, развој и стекнување убави навики. Тимот е прекрасен, составен од вредни, стручни и позитивни личности кои изнаоѓаат начин да ги едуцираат, воспитуваат децата и да ги подготват за следното поглавје, а при тоа децата да се забавуваат и да останат свои.
Среќни сме што нашето дете го имаше ова искуство, и благодарни што Монтесори центарот имаше значаен удел во неговото растење.
Од искуството во овој центар чуваме топли спомени и со радост ќе се навраќаме на нив.
 
Маријана Петрушевска Иваноска (Јули,2024)


Благодарение на Монтесори центарот, нашето семејство беше среќно, безгрижно цели 3 години додека Марко го посетуваше Монтесори центарот.
Заедно со Марко уживавме во неговите безгрижни и среќни денови поминати во оваа установа.
Од сѐ срце им се заблагодаруваме на сите учителки и целиот персонал од Монтесори.
Ви благодарам за несебичната љубов, посветеност, трпеливост, знаење и стимулација кои му ги пренесовте и дадовте на моето дете.

Фросина Димитрова – мајка на Марко Димитров. (2024 година)


Калина редовно го посетуваше Монтесори Центарот од 3 до 6 годишна возраст. Тоа е едно мало детско царство, полно со љубопитни дечиња, желни да го осознаат светот, а таму е целиот свет собран и чека на нив. Под будните очи на монтесори воспитувачите и нивното ненаметливо водство, гледавме како нашето мало дете постепено се развива и ги шири своите видици, ја насочува и ја користи својата детска љубопитност да научи нешто ново и сето тоа пропратено со среќа и задоволство од постигнатиот успех.
Во групата беа вклучени дечиња на различна возраст и со различни развојни потенцијали, што допринесе кај Калина  да се развие чувството за разбирање толеранција и соработка. Интересно е тоа што Монтесори материјалот е уникатен и е ист за сите возрасти, го користат сите дечиња, а сепак се прилагодува на нивните моментални способности и потреби, а изборот со кој материјал ке работи, го прави самото дете.  Тоа што е различно е  пристапот спрема секое дете, тој  е уникатен, зашто секое дете е индивидуа за себе. Преку играта со материјалите, Калина од најрана возраст имаше можност да ги развива своите сетила, координацијата на движењата, да експериментира и сама да се коригира. Знаењата стекнати преку  овој активен процес на учење се поцврсти и долготрајни. Тие се база на која се темели понатамошниот воспитно-образовен процес.
Покрај индивидуалниот пристап, во Центарот се поветува внимание и на колетивниот момент, се развива чувство за емпатија, почит на другата личност, соработка.
Во Монтесори Центарот постои слобода во движењето и однесувањето, но во дозволени и однапред  договорени граници на однесување. Имено,  постојат правила на однесување кои секое дете ги знае и ги почитува, а со тек на време истите ги прифаќаат и ги применуваат и надвор од Центарот, стануваат дел од нивното секојдневно функционирање.
Слободниот избор на материјал и активности, активниот процес на учење, поттикнувањето и насочувањето од страна на воспитувачите да истражуваат, да соработуваат и да се почитуваат меѓусебно, допринесува децата да станат посамоуверени, самостојни, ентузијасти и да учат со цел самите да се развиваат.
Денес Калина  е ученичка во трето одделение и бенефитот од нашот престој во Монтесори Центарот е повеќе од очигледен. Таа е солиден ученик, добар другар и активно е вклучена во неколку вонучилишни активности, каде исто така доживува успеси.
Не постојат зборови со кои можеме да ја искажеме нашата благодарност. Ви посакуваме да сте успешни како и до сега и уште многу детски љубопитни очиња да ги откријат новите светови со Вас!!!!!

Љ.Д. (2015 година)


Најнапред благодарам за најубавата работа која несебично му ја подаривте на моето дете - стекнување на позитивна слика за себе, учење низ игра и дружење, во околина во која детето се чувствува згрижено, почитувано, сакано.
Посетата во Монтесори Центарот беше прекрасно искуство и јас како мајка сум воодушевена од позитивните промени кај моето дете, кое веќе две години по ред ги посетува  летните работилници, а повремено и тематските саботни работилници.
 
  • Пред се, неговата љубопитност за околината е задоволена и стимулирана низ игра и со практични примери
  • Кај детето се развија логичките вештини и наклонетост кон математиката
  • Се разви поголема самостојност во извршвањето на секојдневните обврски, но и самодоверба во комуникацијата со другите деца и со возрасните
  • Детето стекна поголема храброст во совладувањето на физички препреки и координацијата на движењата значително му се подобри, така што тие сега му претставуваат предизвик, а не нешто несовладливо
  • Детето многу брзо и безболно се адаптираше на училишната средина и без поголем напор ги совладува сите содржини, што сметам дека се должи пред се на искуството од Монтесори центарот.

Б. М. – (2014 година.)

Powered by Create your own unique website with customizable templates.