„Во занималната има место за секој“
Циклус работилници за јакнење на компетенциите на воспитувачи и негователи за поддршка/работа со деца со попреченост (април – октомври 2024 година)
Проектните активности се реализираа во просториите на Македонското Монтесори Здружение, во рамките на Монтесори центарот, како модел на инклузивна средина, со цел учесниците да добија јасна претстава за начинот на креирање на инклузивен простор и да се запознаат со методите и техниките за визуелната поддршка на децата со аутистичен спектар и начинот на креирање адаптирани дидактички средства.
Главната цел на проектот беше јакнење на компетенциите на воспитувачите и негователите од детските градинки на територијата на Општина Карпош за поддршка на децата со попреченост вклучени во градинките.
Со проектните активности беа опфатени вкупно 71 учесници, од кои 38 воспитувачи и 33 негователи од сите четири градинки од Општина Карпош: ЈОУДГ „Пролет“, ЈОУДГ „Распеана младост“, ЈОУДГ „Орце Николов“ и ЈОУДГ „Мајски цвет“.
Согласно поставените цели беа реализирани циклус работилниците распоредени во 2 сесии, по пет модули.
Модул 1: „Деца со попреченост и развојни потешкотии – карактеристики и комуникација“
Модул 2: „Родителите на децата со попречененост и развојни и емоционални потешкотии и родителите на децата со типичен развој“
Модул 3: „Подготовка на просторот – креирање инклузивна занимална, инклузивна градинка“
Модул 4: “Креирање на адаптирани наставни средства“
Модул 5: „Поддршка на детето при активности на нега пресоблекување – исхрана“

„Подршка на воспитувачите и негователите (кадарот во градинката) за креирање на инклузивна клима во градинката ЈОУДГ „Пролет“- Општина Карпош“
(октомври 2023 - јануари 2024)
Главна цел на проектот беше да се даде поддршка на воспитниот кадар во градинката за креирање на инклузивна клима за децата со попреченост и развојни потешкотии кои се вклучени во градинката. Како посебни цели на Проектот беа поставени следните:
- Подобрување на воспитно-образовната и згрижувачката дејност во ЈОУДГ „Пролет“ во Општина Карпош
- Подобрување на инклузијата на децата со попреченост во ЈОУДГ „Пролет“ во Општина Карпош
- Зајакнување на капацитетите на воспитувачите и негователите за воспитно-образовна работа со децата со попреченост
- Стимулирање на развојот на децата со попреченост инклузирани во предучилишните установи во Општина Карпош, преку индивидуална работа со тим од експерти (мобилна служба на Македонското Монтесори Здружение)
- Пилотирање на систем на Мобилна служба од специјални едукатори и рехабилитатори/дефектолози и психолози за поддршка на кадарот од градинките и децата со попреченост
- Поддршка и јакнење на родителските капацитети на родителите чии деца ја посетуваат ЈОУДГ „Пролет“.
„Ој додоле...“ (октомври-декември 2023 год.)
Проект имаше за цел развој на свест и почит кон нематеријалното културно наследство во светот.
Во наменски изготвената програма особено внимание се обрна на запознавање со македонското нематријално културно наследство. Проектот се реализираше во соработка со ДМБУЦ"Илија Николовски-Луј", Насоката за традиционална музика и игра.

Click to set custom HTML
„Подготовката на корисниците од СЗ Демир Капија за организирано живеење со поддршка“ (2021-2022 год.)
Овој потпроект е дел од проектот Тимор - "Заедно за повеќе можности и поддршка" (IPA/2019/413-899-07) кој се спроведуваше од страна на „ЦеПроСАРД“.
Во рамките на потпроектот во период од 20 месеци, 50 корисници (лица со интелектуална попреченост) од Специјалниот завод Демир Капија, беа подготвени за организирано живеење со поддршка.
Подготовката на корисниците беше планирана од страна на експертскиот тим на ММЗ, а се реализираше од страна на стручни лица обучени и ангажирани од страна на ММЗ. Секој корисник беше опфатен со индивидуална програма, во зависност од неговите способности и можности. Сите корисници по реализацијата на потпроектот беа преселени во станбени единици за организирано живеење.