ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО МОНТЕСОРИ ЦЕНТАРОТ
„Ние сакаме децата да го разберат светот, но не само заради тоа што тој е фасцинантен...
Ние сакаме децата да го разберат светот за да можат да го направат подобро место за живеење“
Монтесори центарот е Центар за ран детски развој кој им овозможува на децата да ги развиваат своите потенцијали и интереси во согласност со својот внатрешен развоен ритам.
Следејќи ги Монтесори принципите и Националната програма за рано учење и развој им нудиме на децата престој во стимулативна и креативна средина во соодветно опремени простории.
Лоциран е на ул.„Руѓер Бошковиќ“ бр 9, во ООУ „Вера Циривири Трена“ населба Карпош 2.
Центарот е отворен во Февруари 2006 година.
Активности
ПРЕТПЛАДНЕВНА ПРОГРАМА
- Монтесори групи за деца од 3 до 6 години
од 08.30 до 14.00 часот
ПОПЛАДНЕВНА ПРОГРАМА

од 17.30 до 19.30 часот
ДОПОЛНИТЕЛНА ПРОГРАМА
- On-line поддршка на развојот на децата
- Поддршка преку домашна посета
- Помош во учењето за деца од 6 до 11 години
- Индивидуална и групна поддршка на деца со развојни потешкотии на возраст од 2 до 10 години
Монтесори групите од предпладневната програма функционираат секој ден кога на децата им се нудат 2 часа активности според Монтесори принципите во Подготвена околина и 1 час насочена активност во согласност со националната Програма за рано учење и развој. Програмата на овие групи вклучува и многу дополнителни активности насочени кон социјалната и културната средина и развивање на општествена одговорност кај децата.
Монтесори групи од попладневна програма функционираат во Вторник и Среда, во период од 17:30 до 19:30 часот. Во овој период децата имаат 2 часа активности според Монтесори принципите во Подготвена околина. Дополнително програмата се збогатува со креативни и музички работилници.
Групите за деца на возраст од 3 до 6 години се состојат од максимум 22 деца.
Со секоја група работат 2 Монтесори педагози и еден асистент.
Персоналот во Монтесори центарот се состои од педагози, развојни психолози и дефектолози со долгогодишно практично искуство кои дополнително имаат 2 и 4 годишна обука за Монтесори педагогијата и се стекнати со Лиценца за работа со деца издадена од МТСП.
Нашата програма
Програмата на Монтесори центарот е базирана на филозофијата на Марија Монтесори, која што сметаше дека целта на образованието е “да се научат децата, како да учат”. Тоа значи дека ние:
За време на слободните активности децата добиваат индивидуални инструкции за работа со материјали кои сами ги избрале. Но исто така децата учествуваат и во групни активности преку кои се развива чувството за заедништво и се зајакнува соработката. Ние креираме ненатпреварувачка атмосфера во која децата секогаш се охрабруваат да работат најдобро што можат. Ги охрабруваме децата да ги завршуваат целосно активностите, наместо да се натпреваруваат со другите.
Наставничките функционираат како ментори. Тие го познаваат нивото на развој на секое дете и му помагаат да напредува според негов сопствен ритам.
Инлузија
Инклузијата има големо значење за соживотот во Монтесори центарот каде секое дете со своите индивидуални интелектуални, телесни и психички потенцијали може да го најде своето место. Секое дете ја добива наклонетоста и поддршката кои му се потребни и тоа може во секојдневното заедништво, во заедничкиот живот и учење да се развие на сопствен начин. Различните способности на поединецот придонесуваат кон природниот тек на заедницата во која секој се прифаќа онаков каков што е.
Суштина на Монтесори педагогијата претставува на секое дете да му се даде можност да учи и да се развива според сопствениот внатрешен развоен план. Секое дете во различно време и на различен начин ја чувствува потребата да стане самостоен и независен од возрасниот. Децата со посебни потреби често имаат потреба од точно обмислена и подолготрајна поддршка, додека самите не се осмелат да го сторат чекорот кон самостојноста. Патот кон развивање на нивниот потенцијал често пати е побавен, чекорите кон развитокот се помали и понекогаш можат да се забележат само ако внимателно се набљудуваат.
Околината во Монтесори центарот е подготвена за различните развојни потреби, Монтесори материјалите се создадени за индивидуално учење. Секое дете – со или без посебни потреби, без разлика дали е бавно или брзо – ја избира својата работа зависно од сопствените интереси. Тогаш децата можат да работат истовремено и рамни еден на друг. При тоа секое дете на свој начин ги доживува сопствените предности и слабости, сопствените компетенции и новите предизвици.
Зависно од видот на посебни потреби на некои деца им е потребно посебно внимание и наклонетост како и повнимателно избрани задачи.
Поседувајќи соодветна компетенција Монтесори наставниците можат соодветно да им помогнат на овие деца според начелото „Помогни ми, да го сторам тоа сам!“.
Историјат
Монтесори центарот е единствен центар од ваков тип во РМакедонија, првиот приватен Центар за ран детски развој и во досегашното работење има опфатено 495 деца на предучилишна и училишна возраст со и без посебни образовни потреби.
Изминатата година, центарот го посетуваат 56 деца од кои 12 се деца со потешкотии во развојот.
Поддршката на децата со посебни образовни потреби се остварува преку две форми: вклучување во група и индивидуална работа со децата со посебни образовни потреби. Во своето досегашно постоење Монтесори центарот има опфатено вкупно 149 деца од кои 101 биле вклучени во редовните групи, а 48 деца биле опфатени со индивидуален третман.
Поддршка на развојот на самоуверени, самосвесни и одговорни млади лица е нашата крајна цел.

- Им овозможуваме на децата сами да изберат што и како ќе учат, што ја охрабрува нивната независност и иницијативност
- Ја почитуваме индивидуата на секое дете и го потикнуваме да ги развива своите потенцијали на сопствен начин
- Развиваме пријатна атмосфера која што го поддржува детскиот ентузијазам за учење и работните навики
- Им даваме доволно време на децата да работат независно со Монтесори материјалите, сами или во мали групи
- Ја поддржуваме љубопитноста и креативноста на секое дете, охрабрувајќи го да поставува прашања, да испробува нови идеи и да го изразува сопственото мислење Нашата подготвена околина излегува во пресрет на различните развојни потреби на Вашето дете: когнитивните, физичките, социјалните и емоционалните. Околината им овозможува да се изразат себе си на различни начини. Додека помалите деца од групата се во процес на збогатување на својот речник и формирање претстави, постарите деца се на пат да ги претворат и организираат овие претстави во апстрактна мисла.