Низ петодневната посета беше истакнато значењето на креирање на активности и средина за стимулирање на моторниот развој на децата со попреченост и беа посетени градинка за деца со попреченост и инклузивна градинка.
Особено импресионираше високо развиената донаторска свест на заедницата во Ескишекир која овозможи изградба на градинка за децата со попреченост според најсовремените светски стандарди.
Посетата на Турција овозможи да имаме работен состанок со претставници на Монтесори здружението од Истанбул, со кои веќе се договори опсервација на нивни претставници во нашиот Монтесори центар во следниот период.




























































RSS Feed