Овој центар се отвара благодарение на поддршката и добрата соработка со Општина Карпош.
Центарот е наменет за деца на возраст од 2 до 10 години и ќе биде фокусиран на давање индивидаулна поддршка со цел развој на потенцијалите на децата и вклучување во редовниот воспитно образовен систем, односно инклузирање во локалната градинка, локалното училиште заедно со своите другарчиња од соседството.
Користењето на оваа социјална услуга е врз основа на препораките кои за секое дете ги дава Стручното тело за функционална проценка.
Покрај работата со децата предвидена е и психосоцијална поддршка на семејства и советодавна работа со воспитувачите и наставниците од градинките и основните училишта од Општина Карпош.
Во текот на месец јули Министерката за труд и социјална политика, Г-ѓа Јована Тренчевска и Градоначалник на Општина Карпош, Г-дин Стевчо Јакимовски го посетија центарот и подетално се запознаа со неговата работа.