На 17-ти Јануари во просториите на Едукативниот центар М6, се одржа презентација на иницијативата за формирање на мрежата. Настанот го поддржаа и високи претставници на меѓународни институции, како Г-нот Steffen Hudolin Head of Cooperation in the EU Delegation to North Macedonia, Г-ѓа Росана Дуџиак постојан координатор на ОН во С. Македонија и Г-нот Харолд Фугер , Аташе за социјални прашања на Австриското Министерство за социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите, кои учествуваа во панел дискусијата и им дадоа поддршка на граѓанските организации за остварување на оваа идеја.
Сите присутни организации го поддржаа формирањето на мрежата и ја истакнаа важноста од зајакнато, заедничко делување и влијание во интерес на ранливите категории кои ги подржуваат.