Во обуката учествуваа стручни лица и родители од Центарот Мајка Тереза од Гевгелија и педагози, психолози и специјални едукатори и рехабилитатори од Скопје, Битола и Тетово.
Во текот на обуката беа разработени теоретските основи и принципите на Монтесори педагогијата и различните области како Практичен живот, Сетила, Јазик, Математика и Космичко образование. Покрај запознавањето со различните материјали, учесниците имаа можност да вежбаат со истите и да ги споделат своите практични искуства од примената на Монтесори принципите во работата со децата, но и во домот.
Монтесори материјалите претставуваа инспирација за некои од учесниците да криераат свои дидактички материјали.
Следува практична опсервација во Монтесори центарот и, како и секогаш до сега, почеток на една долгогодишна соработка.
Со оваа обука Македонското Монтесори Здружение го најавува почетокот на одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на Марија Монтесори и 15 години од своето постоење.