Програмата ќе ги оддбележи ЗИМСКИТЕ ОЛИМПИСКИ ИГРИ И МЕЃУНАРОДНАТА ГОДИНА НА КРИСТАЛИТЕ.
ВОЛШЕБНИТЕ КРИСТАЛИ
Што се кристалите? Како настануваат? Каде ги има? За што се употребуваат? Знаете ли дека и снегулката е кристал?
Програмата ја започнуваме со спортовите на снег и мраз во кои се натпреваруваат на Зимските Олимписки Игри. Со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и ние ќе бидеме дел од Олимпијадата во Сочи.
Потоа подетално ќе се запознаеме со кристалите. Експериментирајќи и посетувајќи лабаратории ќе го поттикнеиме истражувачкиот дух на децата и со задоволство ќе бидеме дел од градењето на идниот научник. Секако ќе го посетиме и Природно - научниот музеј и работилницата на Македонскиот рубин.
И оваа година ќе продолжиме со програмата на музички работиници кои имаа за цел да го развијат интересот и љубовта на децата кон класичната музика. Децата ќе уживаат во музичките работилници со Ружица.
08.02.2014 - ЗИМСКА ОЛИМПИЈАДА
15.02.2014 - ЗИМСКА ОЛИМПИЈАДА Спортуваме на снег
22.02.2014 - ЗИМСКА ОЛИМПИЈАДА Спортуваме на мраз
01.03.2014 - ЗИМСКА ОЛИМПИЈАДА Посета на Македонскиот Олимписки Комитет
08.03.2014 - 2014 ГОДИНА НА КРИСТАЛИТЕ
15.03.2014 - Кристалите во Природно научниот музеј
22.03.2014 - Кристалите во лабараторија
29.03.2014 - Mузичка работилница
05.04.2014 - Mузичка работилница
12.04.2014 - Mузичка работилница
26.04.2014 - Круна од кристали
10.05.2014 - Лекуваме со кристали
17.05.2014 - Mузичка работилница
24.05.2014 - Mузичка работилница
31.05.2014 - Ликовна работилница
ПРОГРАМАТА ЗА СЕКОЈА САБОТНА РАБОТИЛНИЦА ЈА ОБЈАВУВАМЕ НА НАШИОТ FB ПРОФИЛ
РЕЖИМ НА ДЕНОТ НА САБОТНИТЕ РАБОТИЛНИЦИ
- 10.00-10.30 часот - Прифаќање на децата
- 10.30-12.30 часот - Планирана активност
(Работа во Монтесори училница; Прошетки и посети; Излети; Кративна работилница)
- 12.30-13.30 часот - Подготовка на ужинка и ужинка
- 13.30-14.00 часот - Испраќање на децата
Ве молиме да ги носите децата најкасно до 10.30 часот. Ако сепак пристигнете после 10.30 Ве молиме да не влегувате во училницата или да се задржувате во ходникот. Тоа ја попречува активноста на децата.
Прифаќањето и испраќањето на децата мора да бидат направено од страна на Монтесори педагозите. Ве молиме да не го правите тоа без најава.
Грижата на нашите воспитувачи е секогаш насочена кон децата, затоа Ве молиме Вие погрижете се за што децата донеле од дома.
Монтесори пристапот им овозможува на децата да бидат постојано во активен однос со околината и да бидат вклучени во разни активности. Во текот на активностите децата може да ја извалкат својата облека затоа Ве молиме понесете им резервна облека и чисти обувки за во Монтесори училницата.
Во рамките на работилниците се превидува престој или движење во надворешната средина, затоа Ве молиме децата да бидат соодветно облечени што ќе им овозможи непречено престој и на дождливо и постудено време.
Кај децата сакаме да ја развиеме навиката за здрава исхрана, затоа Ве молиме да не им дозолувате на децата да носат бонбони, чоколада, мастики, грицки, газирани пијалоци или други благи работи.
За децата ќе биде обезбедена ужинка од наша страна.