Претседателот на Македонското Монтесори Здружение присуствуваше на меѓународниот конгрес организиран од страна на асоцијацијата Монтесори Европа. Конгресот кој беше на тема "Монтесори денес - научен пристап во образованието" се одржа во Братислава, од 14 до 16 Октомври. На настанот професори од повеќе меѓународни Универзитети го презентираа местото и значењето на Монтесори педагогијата во развојот на педагошката теорија и пракса. Исто така преку работилници се дискутираше за различни прашања и дилеми на кои што наидуваат Монтесори педагозите во работата со децата на сите возрасти. Во рамките на Конгресот беше организирана опсервација на работата во предучилишни и училишни установи во Братислава што ја применуваат Монтесори педагогијата.Повеќе информации за настанот може да се видат на следниот ЛИНК.
0 Comments
Секоја сабота од 10.00 до 14.00 часот. Работилниците се наменети за деца од 3 до 10 години. Пријавувањето е преку порака на нашиот facebook профил, на нашиот mail: [email protected] или на тел: 077 577 491. Програмата за секоја работилница се објавува секоја седмица на нашиот facebook профил
РЕЖИМ НА ДЕНОТ - 10.00 -10.30 часот – Прифаќање на децата - 10.30 – 12.30 часот – Планирана активност (Работа во Монтесори училница; Прошетки и посети; Излети; Кративна работилница) - 12.30 - 13.30 часот – Подготовка на ужинка и ужинка - 13.30 – 14.00 часот - Испраќање на децата Ве молиме да ги носите децата најкасно до 10.30 часот. Ако сепак пристигнете после 10.30 Ве молиме да не влегувате во училницата или да се задржувате во ходникот. Тоа ја попречува активноста на децата. Прифаќањето и испраќањето на децата мора да бидат направено од страна на Монтесори педагозите. Ве молиме да не го правите тоа без најава. Грижата на нашите воспитувачи е секогаш насочена кон децата, затоа Ве молиме Вие погрижете се за што децата донеле од дома. Монтесори пристапот им овозможува на децата да бидат постојано во активен однос со околината и да бидат вклучени во разни активности. Во текот на активностите децата може да ја извалкат својата облека затоа Ве молиме понесете им резервна облека и чисти обувки за во Монтесори училницата. Кај децата сакаме да ја развиеме навиката за здрава исхрана, затоа ужинката секогаш ќе биде свежо, сезонско овошје. Овошјето ќе го набавуваме заедно со децата од блиското пазарче или пиљара и потоа заедно ќе подготвуваме овошна салата. Ве молиме да не им дозолувате на децата да носат бонбони, чоколада, мастики, грицки, газирани пијалоци или други благи работи. |
Member of:
Archives
June 2024
CategoriesПријатели:
|
- Новости
- За нас
- Монтесори педагогија
- Монтесори центар
- МоПи Центар
- Персонал
- Контакт
- Проекти
-
Галерија
- Видеа
- Утринска програма
- Лето 2017
- Попладневни активности
- Градина на бои 3
- Erasmus+ проект
- Проект за инклузијата
- ПАТУВАЈТЕ СО БОИТЕ 2 - ЛЕТО 2015
- Летни работилници 2014 - ПАТУВАЈТЕ СО БОИТЕ
- Летни работилници 2013
- Спортски работилници
- Музички работилници
- Летни работилници 2012
- Тематски работилници
- Колку е убава Македонија
- Народи во светот 2
- Народи во светот 1
- Животински свет
- Планетата земја
- Патување низ вселената
- ЧПП