
![]() Претседателот на Македонското Монтесори Здружение присуствуваше на меѓународниот конгрес организиран од страна на асоцијацијата Монтесори Европа. Конгресот кој беше на тема "Монтесори денес - научен пристап во образованието" се одржа во Братислава, од 14 до 16 Октомври. На настанот професори од повеќе меѓународни Универзитети го презентираа местото и значењето на Монтесори педагогијата во развојот на педагошката теорија и пракса. Исто така преку работилници се дискутираше за различни прашања и дилеми на кои што наидуваат Монтесори педагозите во работата со децата на сите возрасти. Во рамките на Конгресот беше организирана опсервација на работата во предучилишни и училишни установи во Братислава што ја применуваат Монтесори педагогијата.Повеќе информации за настанот може да се видат на следниот ЛИНК.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
Member of:
Archives
June 2024
CategoriesПријатели:
|