
Програмата има за цел да ги поттикне децата да размислуваат за своето слободно време од еден поинаков агол, да ги поттикне да ги препознаат и развијат своите афинитети кон одредена област и да ги запознае со најразлични видови на хобија: некои сосема вообичаени, некои малку познати, а некои многу ретки и несекојдневни. Преку своето хоби детето се самоизразува себе си, открива нови светови, ги открива своите таленти.