Една од најголемите придобивки на пректот што младите развија трајни пријателства со своите врсници од другите земји.
ММЗ ќе настојува и понатаму да ја развива можноста за социјална инклузија на децата и младите со посебни потреби.
Македонското Монтесори Здружение го реализираше вториот дел од Erasmus+ проектот „Срцето и душата на инлкузијата“. Носител на овој проект е Друштвото за социјална инклузија од Љубљана, РСловенија, додека ММЗ е една од партнер организациите. Во рамките на овој проект младите со посебни потреби од Македонија, Словенија, Хрватска, Црна Гора и Србија имаа можност да се запознаат со различните култури, да развијат компетенции да комуницираат на странски јазик, да уживаат во методите на релаксација презентирани од нивните ментори. Проектот им овозможи на младите да ја истражат Љубљана и Радље на Драва и да ги развијат своите потенцијали за ориентација во ново и непознато место.
Една од најголемите придобивки на пректот што младите развија трајни пријателства со своите врсници од другите земји. ММЗ ќе настојува и понатаму да ја развива можноста за социјална инклузија на децата и младите со посебни потреби.
0 Comments
Leave a Reply. |
Member of:
Archives
June 2024
CategoriesПријатели:
|