- Предучилишни групи за деца од 3 до 6 години
- Предучилишни групи за деца од 2 до 3 години
- Мали училишни групи за помош во учењето за деца од 6 до 10 години
- Индивидуална поддршка на деца со потешкотии во учењето на возраст од 6 до 10 години
- Индивидуална и групна работа со деца со посебни потреби на возраст од 3 до 10 години
- Музички и креативни работилници
- Саботни тематски работилници
Предучилишните групи функционираат во попладневните часови во период од 17:00 до 19:30 часот. Во овој период децата имаат 2 часа активности според Монтесори принципите во Подготвена околина. Околината е подготвена со стандаризирани Монтесори материјали кои одговараат на различните развојни нивоа на децата во групата. Таа е динамична и се менува во согласност со различните интереси на децата.
Групите за деца на возраст од 3 до 6 години се состојат од максимум 15 деца, а групата за деца на возраст од 2 до 3 години се состои од максимум 10 деца.
Со секоја група работат 2 Монтесори педагози.
ЗАБЕЛЕШКА: Подетални информации за Монтесори курикулумот и Монтесори материјалите може да добиете во делот Монтесори центар.
Малите училишни групи се состојат од максимум 5 деца и функционираат секој ден од 10:00 до 16:00 часот. Во овој период децата ќе имаат 2 часа помош во учењето.
Индивидуалната работа со децата се реализира во периодот од 10:00 до 19:00 часот.
За децата кои што редовно го посетуваат Монтесори центарот дополнително се оргазнизираат музички и кративни работилици на секои 6 недели.
Саботните тематски работилници се реализираат секоја сабота од 10:00 до 14:00 часот почнувајќи од 06.10.2012 година. Програмата за овие работилници ќе биде дополнително објавена.
Персоналот во Монтесори центарот се состои од педагози, развојни психолози и дефектолози со долгогодишно практично искуство кои дополнително имаат 2 и 4 годишна обука за Монтесори педагогијата.