Во рамките на активностите за меѓународна соработка на ММЗ минатата седмица Монтесори центарот го посетија Корељка Жепец, дефектолог-професор рехабилитатор и Хрвојка Вукович исто така професор рехабилитатор од Загреб. Дефектолозите од Хрватска имаа можност да ја опсервираат работата во Монтесори центарот и заедно со Монтесори педагозите да дискутираат за своите искуства за примена на Монтесори методот во работа со деца со посебни потреби.
1 Comment
Монтесори центарот во соработка со трговскиот центар Ramstor Mall, а во рамките на нивните активности во „Клубот на Сезнајковци“, реализираше едукативна работилница на тема: „Да ја запознаеме Холандија“. Почесен гостин на работилницата беше амбасадорката на Холандија во Македонија, г - ѓата Marriët Schuurman.
Децата, учесници во работилницата, на еден интересен и креативен начин се запознаа со најважните карактеристики на Холандија, нејзината местоположба, природните богатства, националните обележја, кралското семејство, традиционалната холандска облека, националната кујна, познатите личности од оваа земја...Очекувано, најголем интерес побудија приказната за ветерницата, полињата со лалиња, националната обувка - кломпата и велосипедот како најмасовно превозно средство во Холандија. Во креативниот дел од работилницата, децата изработуваа ветерници, лалиња и боеја цртежи со национални обележја од Холандија. |
Member of:
Archives
June 2024
CategoriesПријатели:
|
- Новости
- За нас
- Монтесори педагогија
- Монтесори центар
- МоПи Центар
- Персонал
- Контакт
- Проекти
-
Галерија
- Видеа
- Утринска програма
- Лето 2017
- Попладневни активности
- Градина на бои 3
- Erasmus+ проект
- Проект за инклузијата
- ПАТУВАЈТЕ СО БОИТЕ 2 - ЛЕТО 2015
- Летни работилници 2014 - ПАТУВАЈТЕ СО БОИТЕ
- Летни работилници 2013
- Спортски работилници
- Музички работилници
- Летни работилници 2012
- Тематски работилници
- Колку е убава Македонија
- Народи во светот 2
- Народи во светот 1
- Животински свет
- Планетата земја
- Патување низ вселената
- ЧПП