Во текот на изминатите години активностите беа насочени кон понуда на децата со и без посебни потреби и на нивните родители, алтернативни форми на воспитание и образование, преку употреба на Монтесори методот.
Овие активности се во согласност со европските начела на ПРАВОТО НА ИЗБОР на родителите.
Понудата на различни форми на воспитание и образование влијае на подигање на квалитетот на воспитание и образование воопшто. Во насока на остварување на оваа цел и продолжување на соработката со јавните детски градинки и основни училишта Македонското Монтесори Здружение во текот на оваа година ќе стави акцент на реализација на обуки на различни теми за воспитувачи, негователи, специјални рехбилитатори и едукатори, студенти од педагошките и рехабилитациските факултети и секако родителите.
Изминатиот месец беа реализирани две обуки за персоналот од ЈОУДГ „11 Октомври“, Скопје и ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица.