Целта на пректот е социјална инклузија на лицата со посебни потреби и вклучува низа активности кои овозможуваат спонатана игра, работа и дружење на деца и лица на различна возраст, со и без посебни потреби.
Благодарение на досегашната соработка на Македонското Монтесори Здружение и Општината Карпош со Друштвото за социјална инклузија од Љубљана се создадоа услови Фестивалот „Играј со мене“ да се реалзизира и во Р Македонија, односно во Општина Карпош. Македонското Монтесори Здружение и Општината Карпош влегоа во големото меѓународно семејство „Играј со мене“
Годинешнава посета беше со цел да се прецизират сите активности кои треба да се земат в предвид од Македонското Монтесори Здружение и обврските што ги има Општина Карпош во делот на поддршката на проектот. Тој вклучува низа заеднички активности (креативни работилници, ликовни конкурси, спортски активности, музички настани и друго) меѓу децата и младинците со и без посебни потреби.
Остварена е средба со Директорот на фестивалот Г-дин Матеј Ровшек и со главниот кординатор на манифестацијата Боштијан Котник. На средбата двајцата изразија големо задоволство што се проширува овој фестивал и за прв пат ќе се реализира на територијата на Република Македонија, особено во Општина Карпош. Нивната пријателска соработка се состои во логистичка и техничка поддршка при организирањето на целата манифестација.
Во тек на посетата остваривме краток разговор и претставување на нашата делегација со Министерот за образование на Словенија, градоначалникот на Љубљана - Зоран Јанковиќ и со Претседателот Борис Похор, кои што беа непосредни учесници на самиот фестивал.