РЕЖИМ НА ДЕНОТ
- 10.00 -10.30 часот – Прифаќање на децата
- 10.30 – 12.30 часот – Планирана активност
(Работа во Монтесори училница; Прошетки и посети; Излети; Кративна работилница)
- 12.30 - 13.30 часот – Подготовка на ужинка и ужинка
- 13.30 – 14.00 часот - Испраќање на децата
Ве молиме да ги носите децата најкасно до 10.30 часот. Ако сепак пристигнете после 10.30 Ве молиме да не влегувате во училницата или да се задржувате во ходникот. Тоа ја попречува активноста на децата.
Прифаќањето и испраќањето на децата мора да бидат направено од страна на Монтесори педагозите. Ве молиме да не го правите тоа без најава. Грижата на нашите воспитувачи е секогаш насочена кон децата, затоа Ве молиме Вие погрижете се за што децата донеле од дома.
Монтесори пристапот им овозможува на децата да бидат постојано во активен однос со околината и да бидат вклучени во разни активности. Во текот на активностите децата може да ја извалкат својата облека затоа Ве молиме понесете им резервна облека и чисти обувки за во Монтесори училницата.
Кај децата сакаме да ја развиеме навиката за здрава исхрана, затоа ужинката секогаш ќе биде свежо, сезонско овошје. Овошјето ќе го набавуваме заедно со децата од блиското пазарче или пиљара и потоа заедно ќе подготвуваме овошна салата.
Ве молиме да не им дозолувате на децата да носат бонбони, чоколада, мастики, грицки, газирани пијалоци или други благи работи.