Тргнувајки од законската поставеност до практичната реализација, домаќините од Vzgojno izobraževalni zavod- Vrtec Ormož, не запознаа со местото на градинката во општеството и соработката со сите институции, организации и приватниот сектор од локалната заедница. Особено значајно беше споделувањето од страна на стручни работници од Гимназијата Ормож кои ја презентираа програмата за едукација на профилот Асистент на воспитувачот.
Во рамките на проектот „Развој на компетенциите на практичарите за транзициониот процес од градинка во училиште“, дел од Erasmus+ KA220 програмата, се реализираше завршната обука која имаше за цел запознавање со моделот на соработка на градинката со локалната заедница и родителите во Словенија. Тргнувајки од законската поставеност до практичната реализација, домаќините од Vzgojno izobraževalni zavod- Vrtec Ormož, не запознаа со местото на градинката во општеството и соработката со сите институции, организации и приватниот сектор од локалната заедница. Особено значајно беше споделувањето од страна на стручни работници од Гимназијата Ормож кои ја презентираа програмата за едукација на профилот Асистент на воспитувачот. Оваа средба даде можност и за споделување на искуствата на оваа тема со партнерите од другите земји, Македонија, Србија и Бугарија и за запознавање со културните знаменитости на Ормож и неговата околина.
0 Comments
Leave a Reply. |
Member of:
Archives
June 2024
CategoriesПријатели:
|