Забелешка: Децата што се пријавуваат за Монтесори летните работилници треба да имаат воспоставено контрола на физиолошките потребии да немаат проблем во одвојувањето од своите родители или лицето кој што го довело во Монтесори центарот.
- Филозофија
За време на летотот училницата се проширува кон надвор и кон светот околу нас. Нашата цел е да понудиме летни работилници кои кај Вашето дете ќе го негуваат и охрабруваат учењето нудејќи му истовремено и можност за забава и другарување.
- Запишување
Цената за посета на работилница во текот на една седмица (понеделник-петок) за едно дете е
1750,00 денари. Во цената се вклучни трошоците за доручек на децата, превоз и билети за местата за посети. Работилниците ќе се организираат за максимум 17 деца, но минимумот деца што ќе бидат запишани мора да биде 7. ММЗ го задржува правото да ја откаже организацијата на работилницата доколку не се пополни потребниот минимум број и доколку има потреба да направи измени на програмата. Контакт телефон: 077 577 491.
- РЕЖИМ НА ДЕНОТ
- 8.30 – 8.45 часот – Утрински круг
- 8.45 - 9.30 часот – Доручек
- 9.30 - 12.00 часот – Планирана активност
(Работа во Монтесори училница; Прошетки и посети; Излети; Кративна работилница)
- 12.00 до 12.30 часот - Испраќање на децата
Ве молиме да ги носите децата најкасно до 8.30 часот, пред Утринскиот круг. Ако сепак пристигнете после 8.30 Ве молиме да не влегувате во училницата или да се задржувате во ходникот. Тоа ја попречува активноста на децата.
Прифаќањето и испраќањето на децата мора да бидат направено од страна на Монтесори педагозите. Ве молиме да не го правите тоа без најава.
Доручекот ќе биде организиран во блиските млечни ресторани. А пред да замина децата ќе можат да се послужат со овошје.
Кај децата сакаме да ја развиеме навиката за здрава исхрана, затоа Ве молиме да не им дозолувате на децата да носат бонбони, чоколада, мастики, грицки, газирани пијалоци или други благи работи.
- Програма на Монтесори летните работилници
II Седмица 18.06-22.06. 2012 - Величествената џунгла
III Седмица 25.06 - 29.06. 2012 - Разнобојните птици
IV Седмица 02.07- 06.07. 2012 - Во светот на мајмуните
V Седмица 09.07 - 13.07. 2012 - На сафари во Африка
VI Седмица 16.07-20.07. 2012 - Длабокиот син океан
VII Седмица 23.07 – 27.07. 2012 - Бубачки во тревата
- Прва седмица - Во земјата на Дино
Поаѓајќи на ова праисториско патување децата ќе научат кои се диносаурусите, кога и како живееле, зошто ги нема денес. Со посета на Природно – научниот музеј ќе се запознаеме и со некои роднини на диносаурусите. - Втора седмица - Величествената џунгла
Децата ќе го истражуваат таинствениот свет на џунглата почнувајќи од интересните и необични растенија, па се до силните тигри и јагуари. Со некои од овие животни ќе се запознаат и во нашата ЗОО градина. - Трета седмица – Разнобојните птици
Чија е куќичката на нашиот прозор? Како е направена? Која е најголемата, а која е најмалата птица? Кои се разнобојните птици на амазонската шума? На овие и на други прашања децата ќе добијат одговр преку најразлични активности и посета на ЗОО градината и Природно – научниот музеј. - Четврта седмица – Во светот на мајмуните
Иако е многу збавано да ги гледаш мајмуните како ги лупат и јадат бананите и семките и како се лулат на дрвјата има уште многу повеќе интересни работи што можат да се научат за нив. - Петта седмица – На сафари во Африка
Оваа седмица децата ќе се прошетаат низ Афричките савани и пустини, запознавајќи се со начинот на комуникација на зебрите, силниот лав и афричкиот слон. Внимавајќи на живиот песок во пустината, ќе стигнат до камилата. - Шестта седмица – Длабокиот син океан
Нурнувајќи длабоко во океанот ќе си поиграме со делфините, ќе ги откриеме страшните заби на ајкулите, а ќе откриеме и дека во морињата имало крави. Ќе се запознаеме со силните китови и разнобојните медузи, морските желки и ежиња. - Седма седмица – Бубачки во тревата
Децата ќе ги истражуваат вредните марвки и пчелки, шарените пеперутки, скакулците и песнопојните штурци, а ќе скокнат и до нивните роднини што живеат во шумата.
- Комуникација
Се надеваме дека заедно со Вас ќе му обезбедиме позитивно искуство на Вашето дете. За да го оствариме тоа потребно е да имаме искрена и отворена комуникација. Ве молиме слободно да ни се обратите доколку имате некое прашање или нешто Ве загрижува. Педагозите обично се зафатени со децата или работат на подготовка на околината и можеби нема да се во можност веднаш да разговараат со Вас. Затоа договорете се кога ќе можете да разговарате. За нас е многу важно да одговориме на сите Ваши прашања.
- Здравствена состојба
Доколку детето е болно Ве молиме да не го носите на Монтесори работилниците. Здравствената состојба на детето треба да му овозможува да учествува во сите активности, вклучувајќи ги и излетите, прошетките и екскурзиите. Ако кај детето се појавила некоја заразна болест (сипаници или сл.) Ве молиме да не известите, како би можеле да ги известиме и другите родители.
Ве молиме да не известите доколку детето е алергично на некоја храна или убод од инсекти. - Партиципација на родителите
Родители кои имаат можност да учествуваат во активностите со децата се добродојдени. Тие можат да ја споделат со нас својата професија, посебен талент, културни информации или други теми што ќе ги интересираат децата. Поддршката од Вас родителите особено е добродојдена за време на реализацијата на екскурзиите, излетите и посетите.
Забелешка: Дел од фотографиите кои ќе бидат сликани за време на работилниците, може да се искористат за промоција на активностите на Монтесори центарот во брошури, весници и списанија и во електорнските медиуми. Ве молиме доколку не се согласувате со тоа да не известите во писмена форма.
- Екскурзии, излети и посети
Најмалку еднаш седмично се планираат активности надвор од Монтесори центарот.
Нашите активности секогаш се насочени кон задоволување на потребите на децата. Една од основните потреби на децата е потребата за движење, затоа секогаш кога сме во можност ќе пешачиме до местото на настанот.
Исто така со цел збогатување на социјалните искуства и вештините за снаоѓање во урбаната средина ќе го користиме градскиот превоз. Во случаите кога тоа не е возможно ќе изнајмуваме комбе или минибус.
- Облека
Монтесори пристапот им овозможува на децата да бидат постојано во активен однос со околината и да бидат вклучени во разни активности. Ние се трудиме да ја заштитиме облеката, но не можиме да гарантираме дека нема да се извалкa. Затоа Ве молиме да му помогнете на Вашето дете да избере облека што нема да го попречува во неговите активности и ќе му овозможи да биде насочено кон активностите, а не кон грижа за облеката.
Ве молиме детето во својот ранец да има резервна облека, чисти обувки за во Монтесори училницата, капa и крем за заштита од сонце.
- Дисциплина
Марија Монтесори сметала дека децата имаат потреба и ги почитуваат границите. Ние се трудиме да креираме околина која излегува во пресрет на потребите и интересите на секое дете и која ќе ја најмали во најмала можна мера потребата за пренасочување на детето. Кога сепак ќе се појави потреба за пренасочување, внимателно го водиме детето кон поцелисходна активност и однесување. Во посериозните ситуации може да го повлечеме детето на страна или да побараме да остане до учителот, се додека не биде спремно да се врати во групата со однесување кое нема да им смета на другите деца и нема да ја попречува нивната активност.
Се трудиме преку разговор со детето да ја откриеме причината за несоодветното однесување и заедно со него да откриеме посоодветен начин на справување со ситацијата. Ние не сметаме дека детето е „лошо“, тука дека тоа се обидува да ги изразе своите потреби и да го најде своето место во групата. Сметаме дека водењето кон дисциплина всушност е водење на детето кон откривање и развивање на сопствените способности за самоконтрола. Секако соработката со Вас, родителите во овој процес е од непроценлива важност.
Детето секогаш од нас ќе добива љубов, разбирање и прифаќање.