Предпладневна програма:
- Монтесори групи за деца од 3 до 6 години (од 08.30 до 15.00 часот)
Попладневна програма
- Монтесори групи за деца од 3 до 6 години
Дополнителна програма
- Мали училишни групи за помош во учењето за деца од 6 до 10 години
- Индивидуална поддршка на деца со потешкотии во учењето на возраст од 6 до 10 години
- Индивидуална и групна работа со деца со посебни потреби на возраст од 3 до 10 години
Монтесори групи од попладневна програма функционираат во Вторник и Среда, во период од 17:30 до 19:30 часот. Во овој период децата имаат 2 часа активности според Монтесори принципите во Подготвена околина. Дополнително програмата се збогатува со креативни и музички работилници.
Околината е подготвена со стандаризирани Монтесори материјали кои одговараат на различните развојни нивоа на децата во групата. Таа е динамична и се менува во согласност со различните интереси на децата.
Групите за деца на возраст од 3 до 6 години се состојат од максимум 22 деца.
Со секоја група работат 2 Монтесори педагози и еден асистент.
Персоналот во Монтесори центарот се состои од педагози, развојни психолози и дефектолози со долгогодишно практично искуство кои дополнително имаат 2 и 4 годишна обука за Монтесори педагогијата и се стекнати со Лиценца за работа со деца издадена од МТСП.
ЗАБЕЛЕШКА: Подетални информации за Монтесори курикулумот и Монтесори материјалите може да добиете во делот Монтесори центар.