Повторно трагавме и баравме да ја доприме уметноста..., но каде? Факелот ни ја откри карпестата пештера со убавите цртежи.... Допревме до боите на џунглата и разнобојните цветови...Од куполите на рускитеските дворци полетавме кон облаците... Опиени од играта на обоените точки се спуштивме низ камените улици и откривме цел еден нов свет. Многу слики.....чудни статуи.... сламките сено создале прекрасни форми. Опиени од убавината на се што видовме и допревме оставивме трага од нашата посета. |
Во рамките на проектот беа реализирани 11 едукативно-креативни работилници кои беа посетени од 75 деца на возраст од 3 до 10 години. Работилниците се организираа во Монтесори центарот и Националната галерија на Македонија.
Инспиративната креативна атмосфера на Изложбениот простор Даут Пашин Амам и делата на големите уметници ги инспирираа децата да создаваат свои дела експериментирајќи со различните техники на ликовно изразување.
Допирајки ја уметноста децата создадо вистинска градина на уметнички дела.
Повелете во нашата градина и посетете ја изложбата на детските творби во Даут Пашин Амам во периодот од 05. до 09.Септември.