Конференцијата беше во организација на Здружението за поддршка и креативен развој на децата и младите, Едукациско-рехабилитацискиот факултет на Универзитетот од Тузла и Сојузот на дефектолози на РМ
|
Македонското Монтесори Здружение ги претстави своите достигања во развојот на квалитетот на живот на децата на предучилишна возраст во насока на зголемување на опфатот на деца со организирана форма на воспитание и образование. .Трудот ги презентираше ефектите од работа на двата инклузивните центри во организација на Македонското Монтесори Здружение: Монтесори центарот и Едукативниот центар во село Бардовци. Во досегашната работа во Монтесори центарот се опфатени 327 деца на возраст од 2 до 10 години (256 деца со типичен развој, 71 дете со посебни потреби). Во Едукативниот цантар во село Бардовци се опфатени 64 деца на возраст од 3 до 6 години (30 деца од македонската популација и 34 деца од ромска популација). Конференцијата беше во организација на Здружението за поддршка и креативен развој на децата и младите, Едукациско-рехабилитацискиот факултет на Универзитетот од Тузла и Сојузот на дефектолози на РМ
1 Comment
3/28/2026 01:44:58 am
This is inspiring work to improve the quality of life for children.
Reply
Leave a Reply. |
Member of:
Archives
December 2025
CategoriesПријатели:
|



RSS Feed