- Равивање на Монтесори установи во Р. Македонија
- Обука на кадарот во приватните и јавните детски градинки, основните и посебните училишта
- Развивање на образовна и особено социјалната инклузија на децата и младите со посебни потреби
Монтесори центарот (М-едукативниот центар) работи веќе 10 години. Тој е наменет за деца од Скопје и во досегашното работење има опфатено 352 деца (276 со типичен развој и 76 дете со посебни потреби).
Едукативниот центар во с. Бардовци постои 4 години и во досегашната работа има опфатено 74 деца од рурална средина и од ромска популација.
Со децата се спроведува уникатна воспитно-образовна програма, според филозофијата на Монтесори педагогијата, која е признаена во светски рамки. Овој пристап има многу свои специфики, но она што најчесто го истакнуваат децата односно возрасните кои што посетувале Монтесори установи е дека ги учи да ја негуваат природната потреба на човекот да учи, секогаш да ги преиспитува понудените решенија, да поставува прашања и да ги бара одговорите онаму каде што многумина не би помислиле да ги најдат. И тоа се однесува на сите области математиката, природата, општеството, универзумот во целост.
ММЗ во изминатите 10 години спроведе неколку видови обуки на воспитувачите од јавните детски градинки од Скопје и за воспитувачи од приватни градинки од Скопје, Битола и Куманово.
Последните години ММЗ интензивно работи на поддршка на образовната инклузија преку поддршка на децата со посебни потреби инклузирани во детските градинки и основните училишта. Она што ММЗ интензивно го развива последните 3 години е социјалната инклузија на младите со посебни потреби. За таа цел веќе има остварено пратнерство со Друштвото за социјална инклузија од Словенија со кое имаат реализирано неколку заеднички проекти.
ММЗ прославата на 10 годишнината од своето постоење ќе ја одбележи со активности преку целата година кои ќе бидат насочени кон споделување на искуствата и програмите што Здружението ги разви изминатите години.