Во Едукативниот центар се опфатени 27 деца на вораст од 3 до 6 години. Со децата работат 6 едуцирани педагози и психолози кои имаат дополнителна подготовка за Монтесори педагогија. Децата престојуваат во центарот секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот.
Едукативниот центар се наоѓа во ОУ „Аврам Писевски“ во село Бардовци, а е отворен со поддршка на Општина Карпош.