Целта на фестивалот е социјална инклузија на лицата со посебни потреби и вклучува низа активности кои овозможуваат спонатана игра, работа и дружење на деца и лица на различна возраст, со и без посебни потреби.
За време на пристуството на фестивалот бевме активни учесници во активностите организирани и изведувани на Конгресниот плоштад во Љубљана.
Благодарение на досегашната соработка на Македонското Монтесори Здружение и Друштвото за социјална инклузија од Љубљана се создадоа услови претставници од Словенија да ја возвратат посетата во Македонија и подетално да разговараме за состојбата на образовна и пред се социјална инклузија на лицата со посебни потреби во нашите две земји.