- Монтесори групи за деца од 3 до 6 години
Групите функционираат:
- од 08.30 до 11.30 часот
- од 09.30 до 12.30 часот
- од 10.00 до 13.00 часот
ПОПЛАДНЕВНА ПРОГРАМА
- Редовни Монтесори групи за деца од 3 до 6 години
- Креативни работилници
- Музички работилници
Групите функционираат:
- од 17.00 до 19.30 часот
ДОПОЛНИТЕЛНА ПРОГРАМА
- Мали училишни групи за помош во учењето за деца од 6 до 10 години
- Индивидуална поддршка на деца со потешкотии во учењето на возраст од 6 до 10 години
- Индивидуална и групна работа со деца со посебни потреби на возраст од 3 до 10 години
Монтесори групите од предпладневната програма функционираат секој ден кога на децата им се нудат 2 часа активности според Монтесори принципите во Подготвена околина и 1 час насочена активност во согласност со националната Програма за рано учење и развој. Програмата на овие групи вклучува и многу дополнителни активности насочени кон социјалната и културната средина и развивање на општествена одговорност кај децата.
Редовните Монтесори групи функционираат во Понеделник, Вторник и Среда, во попладневните часови во период од 17:00 до 19:30 часот. Во овој период децата имаат 2 часа активности според Монтесори принципите во Подготвена околина.
Околината е подготвена со стандаризирани Монтесори материјали кои одговараат на различните развојни нивоа на децата во групата. Таа е динамична и се менува во согласност со различните интереси на децата.
Групите за деца на возраст од 3 до 6 години се состојат од максимум 15 деца.
Со секоја група работат 2 Монтесори педагози.
ЗАБЕЛЕШКА: Подетални информации за Монтесори курикулумот и Монтесори материјалите може да добиете во делот Монтесори центар.
Малите училишни групи се состојат од максимум 5 деца и функционираат секој ден од 10:00 до 16:00 часот. Во овој период децата ќе имаат 2 часа помош во учењето.
Индивидуалната работа со децата се реализира во периодот од 10:00 до 19:00 часот.
Кративните работилици се реализираат секој Четврток од 17.00 до 19. часот и се наменети за деца од 4 до 10 години.
Родителски тематски вечери се организираат на секои 2 месеци. Целта на работилниците и да им се помогне на родителите во извршувањето на најтешката професија - родител, преку предавања и дискусии на разни теми од областа на воспитанието и образованието. Овие вечери се организираат според интересот на родителите.
Персоналот во Монтесори центарот се состои од педагози, развојни психолози и дефектолози со долгогодишно практично искуство кои дополнително имаат 2 и 4 годишна обука за Монтесори педагогијата и се стекнати со Лиценца за работа со деца издадена од МТСП.