Неделно работно време 40 часа (30 часа за работа со деца и 10 часа за водење на педагошката евиденција и други активности поврзани со работата на воспитувач).Дневно работно време со деца од 08:00 (08:30) до 14:00 (14:30)часот, од понеделник до петок.
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
- Висока стручна спрема (VII/1) или 240 ЕКТС - дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач за деца од предучилишна возраст или дипломиран педагог за предучилишно воспитание
- Важечка лиценца за воспитувач или подготвеност за полагање на испит за лиценцирање
- Познавање на работа со компјутер (MS Office, Интернети социјални мрежи)
- Познавање на говорен и пишан англиски јазик
- Вештини за работа во тим, комуникациски и интерперсонални вештини
- Претходно работно искуство и важечка лиценца за воспитувач ќе се смета за предност