Учесниците на работилниците имаа можност да се запознаат со повеќе практични методи и техники кои им овозможат да ги разберат и да им помогнат на децата со посебни потреби, инклузирани во градинката. Покрај тоа работилниците има за цел да го развијат сензибилитет на персоналот за набљудување на индивидуалните потреби на децата и да го поттикнат креативниот потенцијал на педагозите за изработка на дидактички материјал во согласност со потреби на детето.
Податоците од спроведената анкета покажуваат дека воспитувачите имаат потреба од дополнителна обука за работа со деца со посебни потреби, но и неопходна потреба од вклучување на поголем број дефектолози во Стручниот тим на градинката и остварување потесна соработка со институциите и Центрите за ран детски развој кои имаат експертиза за работа со деца со посебни потреби.