Овој дипломски труд ги анализира Монтесори материјалите при изучување на англискиот јазик како мајчин јазик/прв јазик и нивната ефикасност врз поттикот и подготовката за усвојување на вештините за пишување и читање кај децата од 3 до 6 годишна возраст. Во трудот се презентирани основните Монтесори материјали за јазик и се претставени илустрации на децата кои се наоѓаат во различни фази, сензитивни периоди од развојот на јазикот.
„Адаптација на Монтесори наставните материјали на фазите на усвојување на мајчиниот јазик”.1/16/2018 Долгогодишниот волонтер и соработник во Монтесори центарот, В. Талеска деновиве успешно го одбрани дипломски труд на тема „Адаптација на Монтесори наставните материјали на фазите на усвојување на мајчиниот јазик”, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”- Скопје, Катедра за англиски јазик и книжевност под менторство на проф. др. Зорица Трајкова. Овој дипломски труд ги анализира Монтесори материјалите при изучување на англискиот јазик како мајчин јазик/прв јазик и нивната ефикасност врз поттикот и подготовката за усвојување на вештините за пишување и читање кај децата од 3 до 6 годишна возраст. Во трудот се презентирани основните Монтесори материјали за јазик и се претставени илустрации на децата кои се наоѓаат во различни фази, сензитивни периоди од развојот на јазикот. Дипломскиот труд има за цел да докаже дека откако децата одреден период работат со Монтесори материјалите за јазик, тие спонтано почнуваат да пишуваат и читаат зборови уште на предшколска возраст. Овој дипломски труд го истакнува и популаризира учењето на фонетската азбука на англискиот јазик во Монтесори градинка. Со овој дипломски труд се заклучува дека адаптираните Монтесори материјали навистина ги поддржуваат децата во нивната желба и способност за учење на пишување и читање на рана возраст. „Самите анализи се добиени со помош на опсервацијата на кандидатот во Англиска Монтесори градинка во Лондон, каде децата го изучуваат англискикот јазик како мајчин јазик и искустватата што таа ги стекнала при работењето во Монтесори Центарот во Скопје, каде за првпат се јавува љубовта и интересот за Монтесори педагогијата“- истакна комицијата при одбраната на Дипломскиот труд
0 Comments
Leave a Reply. |
Member of:
Archives
June 2024
CategoriesПријатели:
|