Montessori Macedonia
  • Новости
  • За нас
    • Извештаи и публикации
    • Обука за модул 1
    • Обука за модул 2
    • Обука за модул 3
  • Монтесори педагогија
  • Монтесори центар
    • Монтесори курикулум
    • Искуства од родители
  • МоПи Центар
  • Персонал
  • Контакт
  • Проекти
    • Еразмус+ проекти
    • Останати проекти
  • Галерија
    • Видеа
    • Утринска програма
    • Лето 2017
    • Попладневни активности
    • Градина на бои 3
    • Erasmus+ проект
    • Проект за инклузијата
    • ПАТУВАЈТЕ СО БОИТЕ 2 - ЛЕТО 2015
    • Летни работилници 2014 - ПАТУВАЈТЕ СО БОИТЕ
    • Летни работилници 2013
    • Спортски работилници
    • Музички работилници
    • Летни работилници 2012
    • Тематски работилници
    • Колку е убава Македонија
    • Народи во светот 2
    • Народи во светот 1
    • Животински свет
    • Планетата земја
    • Патување низ вселената
  • ЧПП

На крилјата на шареното летало - Летна програма

5/17/2018

0 Comments

 
Македонското Монтесори Здружение осма година по ред нуди ексклузивна програма за Монтесори летни работилници, наменети за деца на возраст од 4 до 8 години. Работилниците се организираат во Монтесори центарот, секој работен ден во претпладневните часови од 8.30 до 12.30 часот. Во договор со родителите може да се организира прифаќање на децата во 08.00 часот.
 
Програма  
На крилјата на шареното летало
Беше топол јунски ден. Во големиот град со шарени куполи луѓето брзаа по улиците. На цветниот балкон на една зграда, тивко дремеше еднo летало. Деновите ги поминуваше љубопитно гледајќи ги луѓето што минуваа покрај зградата. Често посакуваше да може и тоa како нив слободно да полета и да отиде каде што ќе посака. Многу сакаше да види што се случува низ улиците на градот, но да отиде и подалеку... да лета низ светот. Но никако не можеше да се откачи од шајката и полета од балконот. Наеднаш задува многу силен ветер. Го размрда телото на леталото, го откачи од шајката и го подигна високо на небото. Од горе леталото можеше да го види целиот град. Иако многу пати патувало низ улиците на градот, овој пат тој му се виде поинаков...
  • (11 - 15.06.2018)
Разнобојни знамиња од многу земји, луѓе со различни капи на главите… пред фудбалскиот стадион деца играат фудбал. Од фудбалскиот стадион се слушна звукот на свирчето.. -“Судијата го даде знакот за почеток на натпреварот, да побрзам!”- си помисли леталото. На стадионот публиката страсно навиваше...
  • (18 - 22.06.2018)
Ветрот го оддува леталото на зелената ливадата, над дрвјата во густата шума, па дури и во пустината. Леталото таму се запозна со многу различни растенија. Тие му раскажуваа како се хранат, како растат, како ја добиваат својата боја...
  • (25 - 29.06.2018)
Ветрот стивна. Леталото почна да паѓа надолу и полека се испружи на тревата. Се заврте и виде едно убаво црвено суштество, со црни точки како му се приближува. Тоа беше бубамарата, која му раскажа се за своите роднини и пријатели инсекти. „Колку е интересен нивниот живот!” – си помисли леталото.
  •  (02 - 06.07.2018)
Под едно дрво во тревата, здогледа едно стапче. Леталото си помисли: Што е ова? Што прави? Мора да му е многу здодевно, само седи на земјата!  Oдеднаш се слушна смеење и стапчето прозборе... „Ти не знаеш што зборуваш. Ајде со мене, да ти покажам колку може да биде интересно да бидеш стапче.” Леталото се изненади колку многу интересни игри децата можат играат со едно обично стапче...
  •  (09 - 13.07.2018)
Повторно задува силен ветер. Овој пат ветерот беше толку силен што го пренесе леталото на друг континент. Тука виде птици многу пошарени од него. Папагалот и туканот го прошетаа низ џунглата...
  • (16 - 20.07.2018)
Се занишаа листовите на гранките. Ветрот го повика леталото на следното патување. Нежно го лизна по вратот на жирафата и го остави да се запознае со нејзините пријатели...
  •  (23 - 27.07.2018)
Леталото беше среќно што научи многу нови работи за светот. Но гореше од желба да нурне во океанот и да плива со рибите. Го повика својот пријател ветерот кој го оддува таму. На грбот на китот патуваше низ окенот, се нурнуваше длабоко во него и повторно испливуваше на површината...
  •  (30.07- 03.08.2018)
Китот го остави леталото на една камена плажа, да се исуши. Лежејќи врз камењата на сонцето си помисли: „Oва ќе биде многу здодевна седмица. Овде нема ништо интересно, само камења!”. Kако што одминуваа деновите, леталото почна да открива еден цел нов свет, светот на камењата... „Никогаш не сум мислел дека толку многу интересни нешта можат да се научат од обични камења!” 
  •  (06 - 10.08.2018)
На брегот пристигна едно момче со темна кожа. Го подигна леталото од плажата и со широка насмевка на лицето, побрза да го однесе да го запознае неговото племе. Децата со денови играа весело со него, го летаа на сите страни и го покажуваа на секого. Така леталото се запозна со животот во племето. Пред да замине, децата од племето напишаа порака до децата во Скопје и ја испратија на неговиот грб.
  •  (13 – 17.08.2018)
Тоа беше пресреќно што им донесе многу насмевки на децата од Скопје. Тие беа добри домаќини и го прошетаа низ старата чаршија, го запознаа со занаетчиите, го однесоа да ги види старите куќи...
  • (20 – 24.08.2018)
Леталото се замори од долгиот пат и седна да се одмори. Во близина, здогледа деца што многу весело си играат. Се помести поблиску за да може да види што прават... Децата правеа играчки! Роботи, куќи, вртелешки... Леталото знаеше дека на следното патување мора да го посети музејот на играчките...
Беше прекрасно летно патување. Леталото се заблагодари на својот најдобар пријател, ветрот и потона во длабок сон до следното лето.

РАСПОРЕД НА ДЕНОТ 
 
  • 08.30 - 09.00 часот - Прифаќање на децата
  • 09.00 - 09.30 часот - Утрински круг и социјални игри
  • 09.30 - 10.00 часот - Доручек
  • 10.00 (10.15) - 11.00 (11.30) часот - Планирана активност (работа во Монтесори училница; прошетки и посети; излети; креативни работилници)
  • 11.00 - 12.00 часот – Слободни едукативни, креативни и моторни активности
  • 12.00 – 12.30 часот – Послужување овошје и испраќање на децата

Доручекот ќе биде организиран со храната што Вие ќе ја донесите за Вашето дете. А пред да заминат децата ќе можат да се послужат со овошје.
Кај децата сакаме да ја развиеме навиката за здрава исхрана, затоа Ве молиме да не им дозолувате на децата да носат бонбони, чоколада, мастики, грицки, газирани пијалоци или други благи работи.
 
Програмата за Монтесори летните работиници е креирана и ќе биде реализирана од страна на тим од Монтесори педагози. Високо квалификувани професионалци кои имаат способност кај децата да ги развиваат практичните вештини и да им пренесат знаење, но истовремено и да ја развиваат детската независност, самодоверба, одговорност и почит кон другите.
 
Запишување
За да го запишете Вашето дете во нашата програма потребно е да ја пополнете Апликацијата и ја уплатите сумата за посета на работилниците на денот на отпочнување на работилницата (една работилница подразбира активности во текот на цела седмица). Така ќе резервирате место за Вашето дете за седмицата или седмиците кои што ќе ги наведете на Апликацијата. Апликацијата ќе ја добиете откако ќе се обратите на нашиот мail: [email protected] 

Цената за посета на работилница во текот на една седмица (понеделник-петок) за едно дете е 1 550 денари. Во цената се вклучни трошоците за превоз и билети за местата за посети. 

Нудиме можност за запишување за целата програма однапред со попуст.
  • Цената за целата програма (11 работилници) е со попуст од 20% (13 640 денари)
  • Цената за еден цел месец е со попуст од 10% (5 580 денари)
  • Специјален попуст за деца од исто семејство
  • Еднодневна посета на летните работилници 600 денари.
  • Работилниците ќе се организираат за максимум 22 деца.

Забелешка: Дел од фотографиите кои ќе бидат сликани за време на работилниците, може да се искористат за промоција на активностите на Монтесори центарот во брошури, весници и списанија и во електорнските медиуми. Ве молиме доколку не се согласувате со тоа да не известите во писмена форма.
0 Comments



Leave a Reply.

    Member of:
    Picture

    Archives

    June 2024
    May 2024
    January 2024
    November 2023
    August 2023
    July 2023
    June 2023
    March 2023
    February 2023
    December 2022
    October 2022
    July 2022
    June 2022
    May 2022
    April 2022
    March 2022
    August 2021
    May 2021
    April 2021
    March 2021
    January 2021
    November 2020
    September 2020
    August 2020
    March 2020
    August 2019
    May 2019
    March 2019
    October 2018
    August 2018
    June 2018
    May 2018
    March 2018
    January 2018
    December 2017
    November 2017
    September 2017
    August 2017
    May 2017
    April 2017
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    May 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    February 2015
    October 2014
    September 2014
    August 2014
    May 2014
    October 2013
    August 2013
    June 2013
    May 2013
    April 2013
    February 2013
    December 2012
    October 2012
    August 2012
    July 2012
    June 2012
    May 2012
    February 2012
    November 2011
    October 2011
    July 2011
    May 2011

    Categories

    All

    RSS Feed

    Пријатели:

Powered by Create your own unique website with customizable templates.