Проектот имаше за цел запознавање на децата на предучилишна и рана училишна возраст со делата и начинот на уметнички израз на познатите светски и македонски уметници.
Голем број на деца на возраст од 4 до 10 години се запознаа со познатите уметници, В. Ван Гог,
П. Пикасо, П.Х. Бошков, Л. Личеновски,.... Инспирирани од нивните дела децата твореа сопствени дела, експериментирајќи со различни ликовни техники и користејќи различен вид материјал – бои, глина, природни материјали, отпаден матeријал и создаваа уметност. Уште еднаш на дело се покажа дека детската креативност, фантaзија и талент немаат грааници, особено кога се негуваат и поттикнуваат од најмала возраст.
Оваа година проектот имаше инклузивен карактер и во него беа вклучени и деца со посебни потреби од Заводот за рехабилитација на деца и младинци.
Допирајки ја уметноста децата создадо вистинска градина на уметнички дела.
Повелете да ја погледнете нашата „Градина на бои“ на изложбата во Музејот на современата уметност во периодот од 21.09.2017 до 30.09.2017.