ЈАВЕН ПОВИК
за ангажирање на стручни лица за давање на стручна помош и поддршка на деца со попреченост и нивните семејства од територијата на Општина Карпош во рамките на „Центар за стручна помош и поддршка на деца со попреченост и нивните семејства – МоПи“, и тоа:
- Дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор – 4 (четири) стручни лица
- Дипломиран психолог – 1 (едно) стручно лице
Кандидатите кои успешно ќе ги поминат обуките и ќе се стекнат со лиценца, ќе бидат работно ангажирани во „Центар за стручна помош и поддршка на деца со попреченост и нивните семејства – МоПи“ со регулирање на сите права од работен однос.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават кратка биографија и мотивационо писмо на електронската пошта [email protected], најдоцна до 07.05.2022 година.
Кандидатите кои ќе бидат избрани врз основа на кратката биографија и мотивационото писмо, ќе бидат повикани на интервју.