Во таа насока, во периодот 10-13.11.2022 година се одржа третиот тренинг, а домаќин беше детската градинка „Радост“ од Елин Пелин, Бугарија. Освен преставниците на Македонското Монтесори Здружение, на тренингот учествуваа и преставници на нашите соработници ЈОУДГ „Распеана младост“ и ООУ „Вера Циривири Трена“ од Општина Карпош, со кои во изминатиот период реализиравме акциско истражување.
- Мотивирање и едукација на практичарите од предучилишните установи и основните училишта за креирање на заеднички стручни активи кои ќе ја олеснат транзицијата на децата од градинка во основно училиште
- Креирање на предлог програма која ќе ги развие компетенциите на децата за полесен старт на основното образование
- Доставување предлози до високообразовните институции кои едуцираат воспитувачи и наставници за дополнување на силабусите на нивните програми