"Everything is here to be happy on earth. We have snow and every day a new morning. We have trees and rain, hope and tears. We have humans and oxygen, animals and all the colours. We have distant lands and bicycles. We have sun and shadow. We are rich" | |
Работата на Монтесори центарот е базирана на филозофијата на Марија Монтесори и поаѓа од фактот дека децата најдобро учат преку нивните сетила и преку активен однос со околината, Затоа Монтесори училницата е активно место кое за време на летотот се проширува кон надвор и кон светот околу нас.
Летото во Монтесори центарот му нуди можност на детето да избира возбудливи и интересни активности во релаксирачка атмосфера каде тоа ќе може да ја задоволи својата љубопитност и креативност.
Програма на Монтесори летните работилници
Оваа година програмата ќе биде насочена кон откривање на убавините на Земјата, откривање на социјални теми значајни за развој на човештвото и животната средина, овозможување низа моторни активности и развој на кретивните потенцијали. Во рамките на летната програма ќе се реализира проектот „Градина на бои – допри ја уметноста - 4“, во соработка Музејот на современата уметност, поддржан од Министерството за култура. Летото ќе го завршиме со изложба во Музејот на современата уметност.
Поглед низ прозорецот
Ако погледнеме низ прозорецот што ќе видиме?
Прва седмица 12.06 - 16.06. 2017 – Нашите соништа
Оваа седмица децата ќе можат да го креираат својот град на соништата со сите природни убавини, истовремено да ги истражуваат законите на физиката и да уживаат во Музејот на современата уметност.
Втора седмица 19.06 - 23.06.2017 – Две сандали, четири нозе
Во седмицата кога се одбележува Светскиот ден на бегалците ќе прочитаме како можат „две сандали“ да одговараат на “четири нозе“. А потоа ќе се запознаеме со едно силно девојче и ќе навлеземе во нејзиниот свет.
Трета седмица 26.06 - 30.06.2017 – Трепетот на ѕвезденото небо
Трепетот на ѕвездите ќе го запознаеме патувајќи во вселената. Полетувајќи на нашата ракета како вистински космонаути ќе се сретнеме со Ван Гог и неговото „Ѕвездено небо“.
Четврта седмица 03.07 - 07.07.2017 – Црвениот велоспипед
Како Црвениот велоспид на Лео им помогна на многу деца? Што се може да ни открие и даде нашиот велосипед ќе откриеме оваа седмица. Тркалата повторно ќе не одведат во Музејот на современата уметност каде тетка Вики ќе ни покаже како да направиме нови дела.
Петта седмица 10.07 - 14.07.2017 – Авантурите на пиратскиот брод
Подиѓајќи ги едрата ќе отполовиме на далечните острови во потрага по закопаното богатство. Но... ќе не пресретнат морските животни од Синиот остров кои ќе не повикаат на “Танцот на шпанскиот јастог“
Шестта седмица 17.07 - 21.07.2017 – Танцот на лепезата
Јаките морски струи ќе не одведат на Далечниот исток, каде ќе го откриеме танцот на убавите девојки со лепези, ќе научиме да јадеме со стапчиња и уште многу други нешта.
Седма седмица 24.07 - 28.07.2017 – Карневал на животните
Карневалот на животните ќе ја најави забавата оваа седмица кога ќе другаруваме со животните и ќе завршиме со празнување на Светскиот Ден на пријателството.
РАСПОРЕД НА ДЕНОТ
- 08.30 - 09.00 часот - Прифаќање на децата
- 09.00 - 09.30 часот - Утрински круг и социјални игри
- 09.30 - 10.00 часот - Доручек
- 10.00 (10.15) - 11.00 (11.30) часот - Планирана активност (Работа во Монтесори училница; Прошетки и посети; Излети; Креативни работилници)
- 11.00 - 12.00 часот – Слободни едукативни, креативни и моторни активности
- 12.00 – 12.30 часот – Послужување овошје и испраќање на децата
Доручекот ќе биде организиран со храната што Вие ќе ја донесите за Вашето дете.
Пред да заминат децата ќе ги послужиме со овошје.
Кај децата сакаме да ја развиеме навиката за здрава исхрана, затоа Ве молиме да не им дозолувате на децата да носат бонбони, чоколада, мастики, грицки, газирани пијалоци или други благи работи.
Програмата за Монтесори летните работиници е креирана и ќе биде реализирана од страна на тим од Монтесори педагози. Високо квалификувани професионалци кои имаат способност кај децата да ги развиваат практичните вештини и да им пренесат академско знаење, но истовремено и да ја развиваат детската независност, самодоверба, одговорност и почит кон другите.
Запишување
За да го запишете Вашето дете во нашата програма потребно е да ја пополнете Апликацијата и да ја уплатите сумата за посета на работилниците на денот на отпочнување на работилницата (една работилница подразбира активности во текот на цела седмица). Така ќе резервирате место за Вашето дете за седмицата или седмиците кои што ќе ги наведете на Апликацијата. Апликацијата ќе ја добиете откако ќе се обратите на нашиот мail: [email protected] или во просториите на Монтесори центарот.
Цената за посета на работилница во текот на една седмица (понеделник-петок) за едно дете е 1 550 денари. Во цената се вклучни трошоците за превоз, билети за местата за посети и неколку фотографии.
Нудиме можност за запишување за целата програма однапред со попуст.
- Цената за целата програма (7 работилници) е со попуст од 20% (8 670 денари)
- Цената за 6 работилници е со попуст од 10% (8 370 денари)
- Специјален попуст за деца од исто семејство
- Еднодневна посета на летните работилници 550 денари.
- Работилниците ќе се организираат за максимум 22 деца.
Забелешка: Дел од фотографиите кои ќе бидат сликани за време на работилниците, може да се искористат за промоција на активностите на Монтесори центарот во брошури, весници и списанија и во електорнските медиуми. Ве молиме доколку не се согласувате со тоа да не известите во писмена форма.
Екскурзии, излети и посети
- Најмалку еднаш седмично се планираат активности надвор од Монтесори центарот.
- Нашите активности секогаш се насочени кон задоволување на потребите на децата. Една од основните потреби на децата е потребата за движење, затоа секогаш кога сме во можност ќе пешачиме до местото на настанот.
- Исто така со цел збогатување на социјалните искуства и вештините за снаоѓање во урбаната средина ќе го користиме градскиот превоз.
- Во случаите кога тоа не е возможно ќе изнајмуваме TAXI.