Montessori Macedonia
  • Новости
  • За нас
    • Извештаи и публикации
    • Обука за модул 1
    • Обука за модул 2
    • Обука за модул 3
  • Монтесори педагогија
  • Монтесори центар
    • Монтесори курикулум
    • Искуства од родители
  • Персонал
  • Галерија
    • Видеа
    • Утринска програма
    • Лето 2017
    • Попладневни активности
    • Градина на бои 3
    • Erasmus+ проект
    • Проект за инклузијата
    • ПАТУВАЈТЕ СО БОИТЕ 2 - ЛЕТО 2015
    • Летни работилници 2014 - ПАТУВАЈТЕ СО БОИТЕ
    • Летни работилници 2013
    • Спортски работилници
    • Музички работилници
    • Летни работилници 2012
    • Тематски работилници
    • Колку е убава Македонија
    • Народи во светот 2
    • Народи во светот 1
    • Животински свет
    • Планетата земја
    • Патување низ вселената
  • ЧПП
  • Контакт

Петки во дневник – единици на ПИСА

9/8/2017

0 Comments

 
Македонското Монтесори Здружение беше дел од истражувачкиот тим на студијата „Од бројки кон практика – идентификување и анализа на показателите поврзани со квалитетот на наставниот процес во основното образование во Македонија“. Студијата е дел од проектот FISCAST+: Фискална транспарантност и одговорност ги подобрува политиките во областите на квалитет на живот, образование и здравство, кој е во реализиција на Finance Think Институтот за економски истражувања и политики, а во поддршка на Британската Амбасада во Р. Македонија. Резутатите од студијата беа презентирани на Тркалезна маса под наслов: „Петки во дневник – единици на ПИСА: Пет приоритети за подобрување на квалитетот на основното образование“ која се оддржа на 07.09.2017 во хотел Мериот - Скопје.
Picture
Истражувањето имаше за задача преку регресивна анализа да ги идентификува факторите кои се поврзани со постигнувањата на учениците. Потоа, преку теренско истражување да ги испита ставовите на наставниците и учениците во поглед на факторите што се утврдени како најзначајно поврзани со постигнувањата на учениците на тестирањето на ПИСА 2015 година и да понуди препораки до конкретни чинители во образовниот систем за надминување на проблемите забележани со анализата. Истражувањето се реализираше во периодот од март до јуни 2017 година. Во теренското истражување беа вклучени 248 наставници од 10 училишта (од урбана и рурална средина) и 12 фокус групи со ученици од деветто одделение.
Резултатите и препораките од истражувањето се:
-          Во училиштата во Р. Македонија сѐ уште доминантно се користени традиционалните методи на настава, каде што наставникот е пренесувач на знаењето, а учениците  се пасивни приматели;
-          Користењето методи на дискусија, дебата и слични методи кои поттикнуваат развивање критично мислење, води кои подобри постигнувања на учениците;
-          Во текот на наставата треба да се користат методи што стимулираат дискусии, развој на концепти и на идеи, треба да се користат нагледни средства за демонстрирање на функционирањето на природните појави и да постои постојана проверка дали и колку учениците го разбрале материјалот;
-          Потребно е ревидирање на наставните програми;
-          Потребна е анализа на учебниците;
-         За постигнување на високи резултати, особено е значајно кај учениците да се одржува висока внатрешна мотивација за учење. При развивањето на образовните реформи, треба да се води грижа тие да се насочени кон развивање внатрешна мотивација за учење, т.е. ‘учење заради знаење’ наспроти ‘учење заради оценка’;
-         Потребно е поголемо вклучување на училишниот кадар во процесот на креирање образовна политика и нивно учество во донесувањето одлуки што се однесуваат на иновации во наставата;
-          На наставниците им се неопходни дополнителни обуки од различни области  (за наставните програми, за засилување на вештините за мотивирање на учениците, за користење современи методи во наставата) со цел подобрување на наставниот процес.
 
Д-р Весна Костиќ Ивановиќ, членот на Македонското Монтесори Здружение која беше дел од истражувачкиот тим истакна дека се надева дека МОН ќе ги искористи резултатите од оваа студија при креирањето на образовните политики кои се однесуваат на основното образование во Р. Македонија. На учениците потребно е да им се обезбедат образовни услови во кои тие ќе го развиваат критичното мислење и интересот за научно пристапување кон разгледување на информациите, а образовните политики треба да бидат насочени кон поттикнување на внатрешната мотивација кај учениците.

0 Comments



Leave a Reply.

    Member of:
    Picture

    Archives

    October 2022
    July 2022
    June 2022
    May 2022
    April 2022
    March 2022
    August 2021
    May 2021
    April 2021
    March 2021
    January 2021
    November 2020
    September 2020
    August 2020
    March 2020
    August 2019
    May 2019
    March 2019
    October 2018
    August 2018
    June 2018
    May 2018
    March 2018
    January 2018
    December 2017
    November 2017
    September 2017
    August 2017
    May 2017
    April 2017
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    May 2016
    February 2016
    January 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    February 2015
    October 2014
    September 2014
    August 2014
    May 2014
    October 2013
    August 2013
    June 2013
    May 2013
    April 2013
    February 2013
    December 2012
    October 2012
    August 2012
    July 2012
    June 2012
    May 2012
    February 2012
    November 2011
    October 2011
    July 2011
    May 2011

    Categories

    All

    RSS Feed

    Пријатели:

Powered by Create your own unique website with customizable templates.