
Традиционално, проектот се реализираше во летниот периодот од 11 јуни до 24 август, во соработка со НУ Музеј на современата уметност, а со поддршка на Министерството за култура.
Проектот овозможи децата да се запознаат со познати странски и македонски уметници како Џ. Полок, А.Матис, Е.Ворхол, В.Жерновски, И.Пејовиќ....со што кај нив се поттикнува развивање на чувството за ликовнита уметност.
Во рамките на проектот беа реализирани едукативно – креативни работилници кои се организираа во Монтесори центарот и Музејот на современата уметност, посетени од деца на возраст од 3 до 10 години.
И оваа година проектот имаше инклузивен карактер и во него беа вклучени и деца и младинци со посебни потреби од Заводот за рехабилитација на деца и младинци.
Во текот на изминатите пет години во овој проект беа вклучени над 250 деца кои инспирирани од убавата атмосфера во Музејот на современата уметност, делата на големите уметници и соодветна литература, создадат свои уникатни дела, експериментирајќи со разни ликовни техники.
Повелете да ја погледнете нашата „Градина на бои“ на изложбата во Музејот на современата уметност. Отварањето на изложбата е на 09.10.2018 (вторник) со почеток од 15.30 часот.