На настанот присуствуваа и претставници од Министерството за труд и социјална политика и Општина Карпош
Македонското Монтесори Зрдужение (ММЗ) како партнер во меѓународниот ЕРАЗМУС+ проект „Развој на компетенциите на практичарите за процесот на транзиција помеѓу градинките и училиштата“, изминатата седмица беше домаќин на вториот тренинг на партнерите од Србија, Словенија и Бугарија. Покрај нив на тренингот присуствуваа и претставници на ЈОУДГ „Распеана младост“ и ООУ „Вера Циривири Трена“, институции од Општина Карпош, кои се првите локални соработници во рамките на овој проект. Во рамките на четиридневните активности учесниците беа запознаени со работата на ММЗ и Монтесори педагогијата, а исто така беа споделени и резултатите од првото заедничко Акционо истражување помеѓу ММЗ, ЈОУДГ „Распеана младост“ и ООУ „Вера Циривири Трена“, на тема „Очекувањата на предучилишните установи и основните училишта за потребните постигања на децата за успешен трансфер во основно образование.“
На настанот присуствуваа и претставници од Министерството за труд и социјална политика и Општина Карпош
0 Comments
Leave a Reply. |
Member of:
Archives
June 2024
CategoriesПријатели:
|