Во основа на овој проект беше пешачењето во природа како основна човекова потреба која овозможува подобро запознавање на себе си, своите способности, способностите на другите. Во заедничката цел „Да се стигне до целта, до врвот“ децата научија да се грижат за себе си, но и за другите, да преземат ризик, да соработуваат, да подадат рака на стрмната нагорнина, при прескокнувањето на потокот, да го услогласт темпото на движење со помалите.
- Кај децата да ги развијат физички и емоционални вештини кои ќе им помогнат да пораснат во успешни возрасни личности, без предрасуди и стереотипи кон другите со чувство за заедницата во која секој член може да даде свој придонес
- Ќе ја зголемат нивната свест за зачувување на зеленилото, планините и на целата животна средина.
Проектот е финансиран и поддржан од мисијата на OSCE во Македонија, во рамките на Програмата „Градиме мостови“, заедничка иницијатива на Министерството за образование, Мисијата на OSCE во Скопје, и Швајцарската амбасада.