За таа цел тимот од страна на ММЗ, во соработка со менаџерскиот и стручниот кадар од СЗДК дефинираше план за подготовка на лицата, обезбеди дополнителен стручен кадар, материјали за работа и работна просторија.
Подготовката на корисниците ќе биде насочена кон развивање на нивните вештини за грижа за себе и за околината, формирање работни навики, развивање на нивните социјални капацитети за живот во заедницата. Подготовката на корисниците ќе се изведува од страна на стручни лица ангажирани од страна на ММЗ, во соработка со стручните лица и негователскиот кадар од СЗДК.
Целокупниот тим кој работи на оваа активност помина циклус обуки за користење на современи пристапи и методи на работа како Активна поддршка, Интензивна интеракција, Визуелна поддршка и примена на Монтесори методот во работа со деца/лица со попреченост.
Проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка - ТИМОР“ е финансиран од Европската Унија со времетраење од 36 месеци, а се спроведува од страна на ЗГ ЦеПроСАРД во конзорциум со:
- Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна
- Специјален Завод “Демир Капија“;
- Општина Демир Капија и
- Фондација Лоза од Шведска