Платформата има главен дел кој е достапен за сите посетители, како и дел за давање персонализирани услуги на поддршка во учењето. Корисниците кои ќе добиваат индивидуализирана образовна поддршка од страна на стручни лица (специјални едукатори и рехабилитатори со долгогодишно практично искуство) треба да бидат регистрирани од страна на родителите или наставниците, по што ќе биде креиран персонализиран профил на кој ќе бидат поставувани индивидуализирани едукативни содржини и насоки за учење согласно ИОП на секој ученик.
Содржините на платформата ќе овозможат полесно совладување на наставниот материјал од страна на учениците со попреченост, а воедно ќе бидат од корист за нивните родители во обезбедувањето на соодветна поддршка во домот. Исто така, ќе бидат значаен ресурс за наставниот кадар и другите стручни лица инволвирани во наставата со овие ученици.
За да пристапите до платформата впишете www.eduink.mk